8 модни лекции што можеме да ги научиме од Ана Винтур

Вложете во пар чевли што ќе можете да ги комбинирате со сè и кога купувате мантил, одберете модел со интересен дезен, текстура или материјал.

8-modni-lekcii-shto-mozheme-da-gi-nauchime-od-ana-vintur-01.jpg

Ана Винтур со години е уредничка на Vogue – магазин кој неретко е нарекуван и „модна библија“. Па, ако можеме да научиме нешто за модата од некого, тоа дефинтивно е Ана.

Модни лекции од познатата уредничка што вреди да ги примените:

Вложете во пар чевли што ќе можете да ги комбинирате со сè

Многупати Ана Винтур носи ист пар чевли – сандали со неутрална боја – кои се вклопуваат во скоро сите нејзини комбинации.

8-modni-lekcii-shto-mozheme-da-gi-nauchime-od-ana-vintur-02.jpg

За елегантен изглед, носете здолништа и фустани со должина до под колената

Речиси никогаш нема да ја видите Ана Винтур со краток фустан или здолниште, а токму поради ова секогаш изгледа елегантно.

8-modni-lekcii-shto-mozheme-da-gi-nauchime-od-ana-vintur-03.jpg

Слободно купете го омилениот модел чевли во повеќе бои

Ако најдете чевли, чизми или сандали што ви стојат одлично, а притоа се удобни, не двоумете се дали да купите уште некој пар со друга боја или дезен.

8-modni-lekcii-shto-mozheme-da-gi-nauchime-od-ana-vintur-04.jpg

Впечатливите принтови се за едноставни комбинации

Секојпат кога носи впечатлив принт, Ана Винтур носи едноставна комбинација.

На пример, на фотките подолу таа носи само фустани и ниту еден друг детаљ од нејзината комбинација не се истакнува.

8-modni-lekcii-shto-mozheme-da-gi-nauchime-od-ana-vintur-05.jpg

Носете го џемперот на рамената

Ана Винтур никогаш не облекува џемпери, но сака да ги носи како моден додаток врз рамената.

И, навистина изгледа одлично.

8-modni-lekcii-shto-mozheme-da-gi-nauchime-od-ana-vintur-06.jpg

Носете ѓердани

Омиленото парче накит на Ана Винтур се ѓерданите.

Всушност, ретко-кога уредничката носи некој друг накит.

8-modni-lekcii-shto-mozheme-da-gi-nauchime-od-ana-vintur-07.jpg

Носете уникатни мантили

Мантилите се едно омилените парчиња на Ана Винтур, а во гардеробер на дизајнерката има навистина интересни модели.

Наместо да купувате „обични“ мантили, обрнете внимание на материјалот, дезенот и текстурата бидејќи ова парче облека може да ја освежи целата комбинација.

8-modni-lekcii-shto-mozheme-da-gi-nauchime-od-ana-vintur-08.jpg

Најдете го вашиот заштитен знак

Очилата за сонце се заштитен знак на Ана Винтур и ги носи постојано.

Веројатно и вие имате омилен моден додаток, па не двоумете се дали да го вметнувате во скоро секоја комбинација како Ана.

8-modni-lekcii-shto-mozheme-da-gi-nauchime-od-ana-vintur-09.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Идеи како да ја вметнете во стајлингот бојата на есен 2024 (фото) Бургунди или бордо е бојата која е хит за есен 2024, а ако немате идеи како да ј...
8 модели чевли кои треба да ги имате за есен 2024 Мокасините со огромен ѓон заменете ги за поедноставен и минималистички модел, ка...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме... Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...
8 модели на чевли кои се соодветни за на работа (+ кои не треба никогаш да ги носите) Ако сте од оние кои истите чевли во кои излегуваат навечер, ги користат и за на ...
Модни парчиња кои ќе бидат тренд за зима 2024 (и треба да ги купите веднаш) Јакна „шал“, впечатливи ракавици и џемпери со сите бои на нив... Што ни носи зим...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg