Совршен стилски „шмек“: 5 најпопуларни модели на очила за сонце за оваа пролет

Очилата за сонце претставуваат мал додаток со навистина големо влијание – особено во топлите претстојни денови.

Sovrshen-stilski-shmek-5-najpopularni-modeli-na-ochila-za-sonce-za-ovaa-prolet 01 630x330.jpg

Со додавање на ова стилско, а воедно и практично парче секој може да изгледа сосема „шик“ и трендовски.

Без разлика дали ги носите очилата 24/7 или едноставно ги користите за комплетирање на облеката, тие се совршено едноставен начин како да го изведете крајниот допир на вашиот излед.

Овој незаменлив моден додаток најчесто го избираме според обликот на лицето, за добро да ни прилега, но во секој случај ви предлагаме да „ѕирнете“ и да дознаете кои модели ќе бидат вистински тренд оваа година.

Во продолжение ги издвојуваме 5-те најпопуларни модели на очила за сонце за пролет 2022:

Очила со бели рамки

Веројатно на социјалните мрежи сте забележале дека правоаголните, „ретро“ очила за сонце вирално се враќаат во мода.

Рамките на овие модели најчесто доаѓаат во бела боја, а тоа е една од причините зошто дамите ги обожаваат, бидејќи можат да ги комбинираат со речиси секое парче од нивниот плакар.

Sovrshen-stilski-shmek-5-najpopularni-modeli-na-ochila-za-sonce-za-ovaa-prolet 02 630x801.jpg

Гломазни очила

Во последните неколку месеци овие очила станаа апсолутен хит. Најпрво почнаа да ги носат ѕвездите како Ким Кардашијан, а набрзо го преплавија светскиот пазар, па пристигнаа и кај нас.

Судејќи според фотографиите на социјалните мрежи, овие очила за сонце моментално се тренд број еден.

Sovrshen-stilski-shmek-5-najpopularni-modeli-na-ochila-za-sonce-za-ovaa-prolet 03 630x755.jpg

„Ленонки“ во боја

Кога некој ќе каже „Ленонки“, повеќето луѓе мислат на тркалезни, мали црни очила за сонце.

Ваквите „Ленонки“ беа вистински тренд во деведесетите, а денес постојат толку многу модификации - со што навистина е тешко да се избере најубавиот модел.

Sovrshen-stilski-shmek-5-najpopularni-modeli-na-ochila-za-sonce-za-ovaa-prolet 03 639x975.jpg

Животински принт

Годинава излозите ќе бидат украсени со патики, кошули, здолништа, фустани и маици со мотиви на зебра, тигар, леопард и змија.

Покрај овие парчиња облека, модните експерти одлучија очилата за сонце со животински дезени да бидат задолжителен тренд за пролетта 2022 година.

Sovrshen-stilski-shmek-5-najpopularni-modeli-na-ochila-za-sonce-za-ovaa-prolet 05 639x1120.jpg

Мачкести очила

Во последните години ниту еден тренд поврзан со очилата не можеше да помине без мачкестите рамки.

Класично, а и модерно – тоа е комбинација која ги отвора сите врати, особено за дамите кои сакаат да истакнат некои делови од лицето, како што се јаболчниците.

Sovrshen-stilski-shmek-5-najpopularni-modeli-na-ochila-za-sonce-za-ovaa-prolet 06 639x892.jpg

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 модели чевли кои треба да ги имате за есен 2024 Мокасините со огромен ѓон заменете ги за поедноставен и минималистички модел, ка...
Животински и уште 4 принтови на облека кои ќе бидат во мода оваа есен 2024 Цветни принтови во силни бои даваат посебно романтичен изглед на палтата, вертик...
7 модели на чевли кои изгледаат богато, дури и ако се купени за малку пари Избегнувајте чизми со врвки, а кога бирате патики, земете предвид дека нежните н...
Модни парчиња кои ќе бидат тренд за зима 2024 (и треба да ги купите веднаш) Јакна „шал“, впечатливи ракавици и џемпери со сите бои на нив... Што ни носи зим...
8 модели на сандали и влечки кои ќе бидат тренд ова лето Плетени, сандали со високи полни потпетици, влечки со златни и сребрени детали.....
8 модели на чевли кои се соодветни за на работа (+ кои не треба никогаш да ги носите) Ако сте од оние кои истите чевли во кои излегуваат навечер, ги користат и за на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg