Дете дизајнира за Мишел Обама
Постои 12 годишно дете во Америка чија главна преокупација е шиење на фустани за Мишел Обама. Неговиот сон – првата дама на Америка да облече...
...негов модел, ќе му се оствари многу скоро.
Силот на Грант Мојер наликува многу на Том Форд. Тој успеал да ги победи и дизајнерите кои имаат дупло повеќе години од него во конкурсот каде првата награда била Мишел да се појави во нивен фустан.
До овој момент, Грант поминувал низ вистински пекол во животот – сите деца на училиште го исмевале заради неговата пасија и го тепале.
Неговата мајка вели дека често пати доаѓал дома очаен, а таа единствено можела да го утеши ако му дозволи да гледа ревии на Версаче.