Модни грешки што сите ги правиме во комбинациите со фармерки

Ако имате пошироки колкови, избегнувајте да носите долго тесно палто со тесни фармерки, а доколку носите модел со широки ногавици, немојте да го комбинирате со ниски чевли.

modni-greshki-shto-site-gi-pravime-vo-kombinaciite-so-farmerki-01.jpg

Сите сме „виновни“ за правење по некоја модна грешка која е целосно модно промашување.

Кога станува збор за фармерки, погледнете кои се најчестите:

Тесни фармерки и долго тесно палто

Нема ништо лошо во оваа комбинација, но повеќе им стои на послабите луѓе. Ако имате широки колкови, со долга тесна јакна ќе изгледате уште пошироко, бидејќи таа ја крие половината, а ги нагласува колковите и задникот.

Ако сакате долга јакна, во комбинација со фармерки многу подобро ќе ви стои широк модел. Од друга страна, ако тесната јакна е кратка, ќе изгледа многу добро во комбинација со тесни фармерки.

modni-greshki-shto-site-gi-pravime-vo-kombinaciite-so-farmerki-02.jpg

Фармерки и чизми

Ако имате пошироки нозе и облечете фармерки и чизми кои завршуваат кај листовите, вашите нозе ќе изгледаат пократко. Покрај тоа, кај овие модели дел од фармерките е во чизмите, а поради ова вашите листови можат да изгледаат пошироко.

Во овој случај многу подобро е да носите чизми до колена. Или, можете да носите чизмички до глуждот со кои нозете ќе ви изгледаат многу подобро.

modni-greshki-shto-site-gi-pravime-vo-kombinaciite-so-farmerki-03.jpg

Фармерки во комбинација со други парчиња од тексас

Фармерките и тексас палтото можат да бидат одлична комбинација, но најдобро избегнувајте да ги носите со други детали од тексас.

Ако сакате да носите чевли, шешир, чанта или што било од тексас, немојте да ги комбинирате со фармерки, туку со парчиња од друг материјал.

modni-greshki-shto-site-gi-pravime-vo-kombinaciite-so-farmerki-04.jpg

Панталони со широки ногавици и ниски чевли

Овој модел има цел визуелно да ги издолжи нозете, па најдобро стои во комбинација со штикли. Можеби и сте забележале дека овие модели секогаш имаат подолги ногавици, токму од оваа причина.

Со ниски чевли многу подобро стојат тесните фармерки.

modni-greshki-shto-site-gi-pravime-vo-kombinaciite-so-farmerki-05.jpg

Пократки фармерки и чизмички

Чизмите до глужд во комбинација со пократки фармерки или подвиткани ногавици можат да направат вашите нозе да изгледаат пониско и пошироко.

Покрај тоа, моделите со пократки ногавици обично се за потопло време, па изгледаат многу подобро со патики, балетанки и слично.

За постудените месеци, комбинирајте ги ниските чизми со тесни долги фармерки.

modni-greshki-shto-site-gi-pravime-vo-kombinaciite-so-farmerki-06.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 модели чевли кои треба да ги имате за есен 2024 Мокасините со огромен ѓон заменете ги за поедноставен и минималистички модел, ка...
7 модели на чевли кои изгледаат богато, дури и ако се купени за малку пари Избегнувајте чизми со врвки, а кога бирате патики, земете предвид дека нежните н...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
8 најчести грешки поради кои и најубавите зимски обувки изгледаат нескладно Бел капут со бели чизми, миди здолниште што не ги покрива чизмите - ова се само ...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
Следењето модни трендови е вистински предизвик (низ 14 реални илустрации) Модата се движи во циклуси, па работите кои беа модерни во времето на нашите дед...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg