3 модни формули – дневни есенски комбинации со широки панталони (фото)
Иако фармерките се најпрактичниот и најомилениот избор на повеќето жени, оваа есен популарни се и панталоните со широки ногавици, секако од соодветен материјал за сезоната.
Овие панталони изгледаат елегантно, стојат одлично без разлика на обликот на вашето тело и можете да ги комбинирате и за вечерни, но и за дневни излегувања.
Панталоните со широки ногавици ги издолжуваат нозете, а бидејќи повеќето модели се со висок струк, одлично ја нагласуваат половината.
Денес можете да најдете и долги модели, и модели до глуждовите, а без разлика што ќе одберете, дефинитивно ќе изгледате одлично.
Овие панталони се одлични за есенското променливо време и се удобни за носење и на повисоки, но и на пониски температури.
Идеи за комбинации во дневните есенски комбинации:
Блејзер + маичка + широки панталони + патики или чизми
Џемпер + широки панталони + елегантни чевли
Во бело „од глава до пети“
Спирова С. | Црнобело