Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Немаш што да облечеш?

nemas-sto-da-obleces-povekjeКупивте неколку клучни есенски парчиња, го потрошивте планираниот буџет, но и понатаму кога и да го отворите плакарот немате ништо за облекување.

 

Тој е полн, но ништ не можете да искомбинирате.

nemas-sto-da-obleces

1. Детоксикација на алиштата. Ангажирајте пријателка да ви помогне со средување на плакарот. Тоа е целодневен проект. Постојат прашања кои задолжително треба да ви ги постави:

„Кога последен пат си го облекла?“, „Те собира ли?“, „Зошто не го носиш ова?“, „Можеме ли со некои ситни детали да го оправиме за да може да се носи?“.

Направете 3 купчиња: облека која ќе ја задржите, облека која ќе ја фрлите и облека која треба да ја преправите. Во првото нека бидат парчиња кои се чисти и ви стојат добро. Вториот куп не го задржувајте го дома. Подарете го. Третото бара ваша ангажираност за да може дел по дел да ги прфрлате во првото.

2. Поправи. Немојте да го фрлите капутот ако поставате се скинала. Ова лесно се менува. Или панталони кои ви се големи – лесно се стеснуваат. Ако не сами, однесете ги на кројач за евтини пари ќе завршите работа.

3. Комбинирање. Време е да испробате возможни комбинации.Направете си неколку кои ќе може да ги носите секој ден без да губите време наутро во пробување нови алишта.

4. Уредување. Летната гардероба средете ја во друг дел или спакувајте ја. Погрижете се да биде апсолутно чиста. Добар избор се вакумираните кеси кои штедат простор.

Би можело да ве интересира:

Здолништа во кои ќе се заљубите летово (и нема да сакате да носите ништо друго) Бели здолништа, бохо стил, мини здолништа со украси - какви модели се ин ова лет...
Модата „се враќа“ – Аутфити инспирирани од раните 2000-ти (фото) Минијатурни маички со принтови, впечатливи очила во дречливи бои, панталони со м...
Тренд кој ги освои и Македонките - Златни обетки во стилот на '80-тите Цветови, солзи, кругови - оваа сезона во фокус се големите златни обетки во стил...
6 модни додатоци со кои ќе бидете тренди во 2025-та (фото) Животинскиот принт е сеприсутен и ако не го сакате на облека, вреди да му дадете...
„Old money“ е моден тренд за сите кои сакаат да изгледаат скапо, a безвременски во есен/зима 2024 Богати текстури, меки и квалитетни материјали, удобни и топли слоеви – естетика ...
Сопругата на Тарик Филиповиќ е стилска дама каде и да се појави – од пустина до црвен тепих Пред речиси 30 години ѝ ја одземаа титулата Мис Хрватска, но и без неа, таа прав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg