Како да се облекувате како иконата на модната индустрија Кјара Ферањи?

Италијанската блогерка Кјара Ферањи стана икона на модната индустрија. Од шминка до чевли, инспирирајте се од неа!

kako da se oblekuvate kako ikonata na modnata industrija kjara feranji 001

Нејзиниот блог „The Blonde Salad“ започна со работа во 2009 година, а таа прерасна во еден од највлијателните ликови во светот на модата.

Досега Кјара се има појавено на огромен број насловни страници, беше заштитно лице на многу интернационални рекламни кампањи, лансираше своја линија на чевли и седи во првиот ред на најпознатите светски модни шоуа.

На Инстаграм профилот има повеќе од 10.5 милиони следбеници, па ако сакате некој што е влијателен на тема мода и стил Кјара е вистинскиот човек.

Која е магијата на нејзиниот стил?

Моќта на Кјара е во нејзината способност да ги идентификува трендовите пред другите и да ги носи без страв.

Таа е авантуристка што не се плаши да биде храбра со стилот, но никогаш не го заборава својот препознатлив стил.

Новото и возбудливото совршено го спојува со паметното и софистицираното.

Топови

Кјара не се плаши да покаже гола кожа и тоа го прави со топовите на шик начин.

kako da se oblekuvate kako ikonata na modnata industrija kjara feranji 01

Кожени здолништа

Нејзиниот гардеробер е далеку од здодевен, па во него ќе најдете низа кожени здолништа.

kako da se oblekuvate kako ikonata na modnata industrija kjara feranji 02

Крзнени палта

Кога треба да се покрие, секогаш избира крзнени палта со храбри бои и дезени.

kako da se oblekuvate kako ikonata na modnata industrija kjara feranji 03

Облека на едно рамо

Кога се облекува за да импресионира на некоја манифестација таа неретко носи креации на едно рамо.

kako da se oblekuvate kako ikonata na modnata industrija kjara feranji 04

Црни палта

Кога сака да биде малку потрадиционална Кјара облекува некое од нејзините црни палта.

kako da se oblekuvate kako ikonata na modnata industrija kjara feranji 05

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Модни парчиња кои ќе бидат тренд за зима 2024 (и треба да ги купите веднаш) Јакна „шал“, впечатливи ракавици и џемпери со сите бои на нив... Што ни носи зим...
10 работи за плажа без кои модерните дами не одат на одмор Рибарската шапка сега е помодерна од класичните шешири, шик сандали наместо обич...
8 модели чевли кои треба да ги имате за есен 2024 Мокасините со огромен ѓон заменете ги за поедноставен и минималистички модел, ка...
Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме... Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...
Девојка од Скопје со впечатлив моден стил - обожава црвен кармин и смели комбинации (фото) „Еден период купував само блузони, потоа само деловни комбинации, а последнава г...
8 модели на чевли кои се соодветни за на работа (+ кои не треба никогаш да ги носите) Ако сте од оние кои истите чевли во кои излегуваат навечер, ги користат и за на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg