Од мокра коса до супер фризура на плажа

Што се однесува до летните фризури, добро познато ви е дека не сите се издржливи во допир со вода, па затоа ретко која фризура можете да ја носите на плажа.

od-mokra-kosa-do-super-frizura-na-plaza-01

Постојат само неколку начини како да изгледа уредно, а сепак да се освежувате без да се грижите со каква коса ќе излезете од вода. Ова се наједноставните предлози.


Рибина коска

Со оваа фризура ќе заличите на вистинска сирена. Рибјата коска е едноставна за правење, а откако косата ќе ви се исуши ќе добиете прекрасни локни кои ќе може да ги носите за време на вечерта.

od-mokra-kosa-do-super-frizura-na-plaza-1


Половина коса потфатена

Оваа фризура изгледа одлично дури и на мокра носа. Едноставно одвојте ги предните прамени и зацврстете ги кај задниот дел од косата со интересни шноли или цвет во косата.

od-mokra-kosa-do-super-frizura-na-plaza-2


Коса околу украсна трака

Направете патец на средина, па околу темето ставете ластик за коса. Но, овој пат преку косата. Потоа краевите на косата замотајте ги со кружни движења и постигнете ефект како на фотографиите.

od-mokra-kosa-do-super-frizura-na-plaza-3


Пунџа од плетенки

Идеална е за долгата коса која сакате да ја сочувате од солената вода и сонцето. Разделете ја косата на три прамени, сплетете плетенки и замотајте ги во три посебни или една голема пунџа. Зацврснете со шноли, а откако ќе ја пуштите косата ќе добиете брановиден, природен изглед.

od-mokra-kosa-do-super-frizura-na-plaza-4


Завиткајте ја косата во марама

Марамата е идеален додаток за на плажа за коса. Заштитете ја косата и врзете ја марамата преку целата глава. Можете косата да ја оставите пуштена, да врзете ниско опавче, да сплетете плетенка или едноставно да ја соберете под марамата. Изборот е ваш.

od-mokra-kosa-do-super-frizura-na-plaza-5

Би можело да ве интересира:

10 работи за плажа без кои модерните дами не одат на одмор Рибарската шапка сега е помодерна од класичните шешири, шик сандали наместо обич...
Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме... Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...
32 идеи како да се дотерате за совршени Инстаграм фотки од плажа За да имате впечатлива фотка за Инстаграм од плажа (а да не сте во бикини), осве...
Чанта изработена од воздух и стакло на ревија на Модната недела во Париз - Тежи само 33 грама Чантата е изработена од наноматеријали што НАСА ги користи во вселенските мисии,...
Како да го изберете совршениот костим за капење (според обликот на телото)? Ако имате стомаче и сакате да го скриете, не мора да носите исклучиво едноделни ...
8 модели на чевли кои се соодветни за на работа (+ кои не треба никогаш да ги носите) Ако сте од оние кои истите чевли во кои излегуваат навечер, ги користат и за на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg