Кој е дечкото што со модниот стил и бундата од баба му го привлече вниманието на Shtip Fashion Days 2024?

„Дефинитивно имам ексцентричен моден стил... Понекогаш и пред огледало се прашувам сам дали сум сериозен дека така облечен ќе излезам“, вели Никола Патриклиски (24) од Штип за CRNOBELO.com.

koj-e-dechkoto-shto-so-modniot-stil-i-bundata-od-baba-mu-go-privleche-vnimanieto-na-shtip-fashion-days-01povekje.jpg

Никола Патриклиски (24) од Штип е дечкото кој со својот моден стил го привлече вниманието на отворањето на настанот „Shtip Fashion Days 2024“.

Настанот се одржа вчеравечер (30.09) во фабриката „Македонка“ во Штип и тоа беше првата од трите вечери.

Никола беше дел од организацијата на настанот и вели дека ѝ е благодарен на Општина Штип што му го овозможила тоа, да биде дел од целиот процес - од развивање на идеја, па до реализација на визијата.

На настанот Никола се појави со бундата од баба му, а за својот моден стил за CRNOBELO.com вели:

„Од кога со мода? Баш кога размислував што би одговорил на ова сфатив дека уште од многу мал сум пробувал преку облека да претставам како се чувствувам и како сакам да ме доживеат луѓето, односно да се претставам преку тоа што носам и како го носам.

koj-e-dechkoto-shto-so-modniot-stil-i-bundata-od-baba-mu-go-privleche-vnimanieto-na-shtip-fashion-days-02.jpg

Конкретно вчерашниот аутфит го замислував и сметам дека го доловив концептот како еден хибрид од авангардни дизајни на бунтовни дизајнери, со нешто што има историја токму како локацијата на ревијата, па така ги комбинирав Rick Owens, Vivienne Westwood, Matthew Williams и бунда која ја позајмив од баба ми.

Дали сум сметан за ексцентричен?

Па, дефинитивно луѓето што ми се блиски знаат дека сè можат да очекуваат од тоа јас како ќе бидам облечен и мислам дека со ништо не можам да ги изненадам.

Понекогаш и пред огледало се прашувам сам дали сум сериозен дека така ќе излезам, но не дозволувам тие мисли многу време да ми се моткаат во глава.

koj-e-dechkoto-shto-so-modniot-stil-i-bundata-od-baba-mu-go-privleche-vnimanieto-na-shtip-fashion-days-03.jpg

Стилот би си го опишал како прилично разновиден, но како најбитен момент ми е да гледам без разлика дали е класично, кежуал, улична мода, авангарден, нешто пак да има мој личен печат на сето тоа и да е уникатно и поразлично од шаблонското за тие стилови.

koj-e-dechkoto-shto-so-modniot-stil-i-bundata-od-baba-mu-go-privleche-vnimanieto-na-shtip-fashion-days-04.jpg

Инспирација црпам од сè што е креативно и што се прави со страст како филмови, музика, архитектура, дизајн, уметност... Сè што е креативно во една насока може да инспирира нешто во сосема друга насока, има песни пишувани за уметнички дела и колекции инспирирани од правци во архитектура...

Омилени дизајнери ми е тешко прашање, исто како да треба да одберам омилени режисери или музичари, но би ги спомнал Rick Owens, Martin Margiela, Yohji Yamamoto, Raf Simons и многу други“.

Повеќе фотографии од модниот стил на Никола на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
Модерна класика на ревиите на трите најголеми штипски модни брендови на Shtip Fashion Days 2024 Три модни ревии на три штипски текстилни компании ја одбележаа втората вечер на ...
10 трендови на кои заборавивме, но повторно се враќаат во мода Портокалов тен како Парис Хилтон, пирс на папокот како Бритни... Кои трендо...
8 тренди парчиња кои нашите баби ги обожавале, а сега се враќаат во мода Плетени елеци со макраме техника, цветни марами, ролки комбинирани со тиролки......
Наша, а светска: Горјана Кулишевска блеска во едиторијал за модниот магазин Marie Claire Горди сме! Нашата Горјана, позната како Џоја, со својата егзотична убавина си го...
Уличната мода во Белград, преку папарацо фотки на српски Инстаграм профил Од кул чанти до лежерни аутфити, модата на белградските улици низ објективот на&...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg