Летни модни трикови со кои ќе изгледате совршено, без разлика каков тип тело имате
Не избегнувајте темни бои и немојте да носите многу тесни и кратки здолништа. Неколку модни трикови што ќе ви се најдат ова лето.
Во лето како да стануваме посвесни за работите на нашето тело што не ни се допаѓаат.
Без разлика дали тоа е стомаче, пошироки нозе или нешто друго, сите имаме на која мана што пробуваме да ја скриеме.
Најпрво, важно е да научите да го сакате вашето тело, со сите недостатоци.
А, важно е и да носите облека што го истакнува она што ви се допаѓа, за да се чувствувате подобро.
Неколку летни модни трикови со кои ќе изгледате совршено:
Дајте им предност на фустаните на преклоп
Широките фустани на преклоп се совршени за летните денови бидејќи ја истакнуваат половината, а можат да прикријат ситници како стомаче.
Избегнувајте многу кратки ракави
Многу кратките ракави ги нагласуваат рацете и можат да направат да изгледаат многу пошироко.
Од друга страна, подолгите ракави, приближно до лактите, изгледаат многу подобро, а се и поудобни.
Не избегнувајте темни бои
Во лето преферираме посветла облека, но ова не значи дека треба да избегнувате темни детали.
Темен колан со бел фустан, темна маичка со светли панталони или здолништа… и во лето можете да носите потемни бои кои визуелно прават да изгледаме послабо.
Избегнувајте тесни и многу кратки здолништа
Тесните и многу кратки здолништа ги истакнуваат нозете, а можат да делуваат и невкусно, во зависност од пригодата.
Многу подобро изгледаат пошироките модели.