8 тренди парчиња кои нашите баби ги обожавале, а сега се враќаат во мода
Плетени елеци со макраме техника, цветни марами, ролки комбинирани со тиролки... Се сеќавате ли на овие модни трендови што беа хит во времето на нашите баби?
Модата постојано се менува. Некои парчиња излегуваат од мода, други се враќаат „на голема врата“.
А, меѓу парчињата кои биле тренди пред повеќе од 50 години и ги носеле нашите баби, има и такви кои повторно се враќаат во мода.
Погледнете ги фотографиите - дали би вклучиле некој од овие трендови во своето секојдневие?
Гумени чизми
Во минатото многу жени носеле гумени чизми бидејќи им биле практични, особено ако живееле во руралните средини.
Иако долго време не се носеле, денес гумените чизми повторно се во тренд.
Изборот на модели е огромен, а многу жени со Европа и САД имаат и по неколку пара, бидејќи им се омилени.
Крзнена капа со „уши“
Шубарите се секогаш во мода, но во 2024-та во тренд се враќа и крзнената капа со „уши“. Дали ви се допаѓа?
Плетени елеци и блузи во макраме техника
Плетените елеци во макраме техника беа особено популарни во 1970-тите години, а во „Бурда“ можеа да се најдат различни шеми за елеци и блузи.
Денес, тие се повторно во мода - од елеци, преку блузи, до фустани, а може да се видат и на модните писти како најава за трендот што ќе биде популарен оваа година.
Плетени чанти од коноп
Нов тренд кој се враќа се плетените чанти од коноп - може да се носат од пролет до есен, а одговараат на секаква гардероба и чевли, па лесно се комбинираат со секој стил.