Модни тајни со кои Французинките изгледаат совршено дури и на најголемиот студ

Кога велиме „плетен фустан“, замислуваме широк модел без некоја посебна форма. Но, Французинките секогаш избираат елегантни модели кои, иако се плетени, ја нагласуваат половината.

tajni-na-francuzinkite-so-koi-izgledaat-sovrsheno-duri-i-na-najgolemiot-sneg-i-stud-01_copy.jpg

Французинките важат за едни од жените со најдобар стил во светот. Дури и кога паѓа снег или температурите се под нулата, тие оставаат впечаток како да излегле од модно списание.

Нивните тајни со кои изгледаат совршено дури и на најголемиот студ:

Хеланки и во зима

Овие жени не се откажуваат од хеланките ни во зима, но избираат подебела варијанта, а ги комбинираат со дебели џемпери и чизми.

tajni-na-francuzinkite-so-koi-izgledaat-sovrsheno-duri-i-na-najgolemiot-sneg-i-stud-03_copy.jpg

Ја нагласуваат половината

Иако повеќето луѓе сакаат широки, дебели јакни, жените во Франција бираат модели кои имаат ремен или и да немаат, самите додаваат, за да ја истакнат половината.

tajni-na-francuzinkite-so-koi-izgledaat-sovrsheno-duri-i-na-najgolemiot-sneg-i-stud-10.jpg

Марама наместо капа

Многу Французинки не сакаат да носат капа, но околу главата врзуваат шал или марама, па се елегантни дури и во зима.

tajni-na-francuzinkite-so-koi-izgledaat-sovrsheno-duri-i-na-najgolemiot-sneg-i-stud-04.jpg

Џемпери со патент на вратот

Французинките купуваат едноставни еднобојни џемпери со патент на вратот, за кои велат дека се и удобни и убави.

tajni-na-francuzinkite-so-koi-izgledaat-sovrsheno-duri-i-na-najgolemiot-sneg-i-stud-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 модели чевли кои треба да ги имате за есен 2024 Мокасините со огромен ѓон заменете ги за поедноставен и минималистички модел, ка...
7 модели на чевли кои изгледаат богато, дури и ако се купени за малку пари Избегнувајте чизми со врвки, а кога бирате патики, земете предвид дека нежните н...
Долги нозе, гради во преден план – Што облекоа познатите дами на ревиите од Модната недела во Париз? Кендал Џенер се појави закопчана до врат, а сестра ѝ Кајли носеше фустан со смел...
Плетени волуменозни капи и шалови - моден тренд кој ќе ја одбележи оваа зима (фото) Ако минатата година во мода беа беретките и шеширите, оваа сезона се враќаат пле...
10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
8 најчести грешки поради кои и најубавите зимски обувки изгледаат нескладно Бел капут со бели чизми, миди здолниште што не ги покрива чизмите - ова се само ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg