8 идеи како да ги комбинирате белите фармерки во студените месеци
Додајте нежни бои
Белите фармерки може да ги комбинирате со нежни бои кои притоа ќе ви го подобрат расположението. Започнете со монохроматска основа, а потоа додајте сино палто.
За полежерен изглед, заменете го палтото за плетен џемпер и комбинирајте со чизми до глужд.
Комбинација со црно и сиво
Носењето бели фармерки за вечерно излегување може да изгледа невообичаено, бидејќи повеќето се одлучуваат за темни нијанси, но тоа е возможно. Внесете елегантност со чевлите и горниот дел од облеката.
Белите фармерки ќе изгледаат одлично со чизмички до глужд, блуза или џемпер од кашмир и елегантен капут.
Комбинација со кариран дезен
Едноставно, белите фармерки може да ги комбинирате со палто со кариран дезен, бела блуза и чизми кои се вклопуваат со нијансата која ја има во принтот на палтото.
Со беж или кафеава боја
Бели фармерки и кафеаво палто е одлична комбинација. Но, покрај тоа што може да носите волнено палто, размислете и за темна кожна јакна или неутрален капут кој ќе даде доволно контраст.
Не заборавајте да ги комбинирате и чевлите кои ќе ви го дадат целокупниот посакуван изглед.
Дополнителни совети за носење бели фармерки во зима:
Размислете за стилот: Идеално е да имате едни тесни бели фармерки, едни пошироки и еден пар бели панталони. Тесните бели фармерки се најдобра опција за почеток, зашто ќе можете да ги комбинирате со сите видови чизми.
Останете неутрални: Црно, бело, сиво и кафеаво се класици со причина. Кога се сомневате, најлесниот начин да ги носите белите фармерки во зима е да останете неутрални и да правите комбинации во овие бои.
Играјте си со текстурите: Ако не се чувствувате многу удобно носејќи бели фармерки во зима, тогаш додајте малку текстура. Во зима имате опција за вештачко крзно, кожа, плетени џемпери…
Додатоци: Едноставниот златен накит изгледа неверојатно со зимските бели комбинации, а додатоците кои ќе се усогласат со горниот дел од облеката или чевли, ќе ви дадат посебен изглед.
М. Ѓ | Црнобело