Подолги нозе, покул комбинации: Трикови за комбинирање хулахопки од познатите дами
Освежете ги комбинациите со хулахопки со дезен
Хулахопките со дезен многу добро ги дополнуваат поедноставните комбинации.
Ако сакате да експериментирате, можете да ги комбинирате и со други посуптилни дезени.
Внимателно комбинирајте ги со бојата на чевлите
Важно е бојата на хулахопките и бојата на чевлите да биде во склад.
Ако, пак, облечете високи потпетици и хулахопки со иста боја, визуелно ќе ги издолжите нозете.
Дајте им шанса на мрежестите хулахопки
Мрежестите модели повторно се враќаат во мода и можат да изгледаат мошне стилски.
Во овој случај само носете ги со облека која не открива многу за да не изгледате вулгарно.
Не заборавајте на комфорот
Во постудените денови, немојте да носете тенки хулахопки, без разлика колку добро се вклопуваат во комбинацијата.
Комфорот треба да ви биде најважен. Во спротивно, нема да се чувствувате убаво што и да облечете.
Спирова С. | Црнобело