Подолги нозе, покул комбинации: Трикови за комбинирање хулахопки од познатите дами
Дајте им шанса на мрежестите модели и комбинирајте ги со штикли со иста боја за визуелно да ги издолжите нозете – Трикови за комбинирање хулахопки што ги научивме од познатите дами.
Хулахопките се задолжителни во постудените денови, а можат драстично да го подобрат изгледот на модните комбинации, но само ако знаете како да ги комбинирате.
Неколку трикови од познатите дами:
Носете ги со летна облека во студените месеци
Некои летни фустани добро се вклопуваат во зимските и есенските комбинации.
Единствено треба да додадете и пар убави хулахопки.
Носете хулахопки со текстура
Хулахопките со текстура кои изгледаат како да се плетени одлично ги надополнуваат комбинациите за постудените денови.
Ако ги носите со минималистичка облека, хулахопките можат да бидат акцент на целата комбинација.
Искористете ги за монохроматски комбинации
Бидејќи се комбинираат исти нијанси, речиси невозможно е да направите грешка со монохроматските комбинации.
А, хулахопките можат да бидат одличен додаток.
И белите хулахопки можат да изгледаат добро
Иако можеби се потешки за комбинирање, во соодветна комбинација, можете да изгледате добро и со бели хулахопки.