9 совети за комбинирање сакo (со кои ќе изгледате како дама со стил)
Сакото е одлично парче облека за есенските денови. Носете модели со потполнки и не плашете се да облечете кожено сако. Како да ги комбинирате сакоата за да изгледате тренди, без многу труд?
Сакото е одлично парче облека за есенските денови.
Изгледа добро во лежерни и елегантни комбинации, а можете да го носите и со штикли, и со ниски чевли.
Неколку совети за комбинирање сакоа:
Избирајте тренди бои
Додека во лето треба да им дадете предност на пастелните нијанси на сакоа, во постудените денови ќе изгледате многу подобро во сако со повпечатлива боја, како темносина, па и црвена.
Носете модели со потполнки
Сакоата со потполнки секогаш изгледаат подобро бидејќи создаваат илузија на фигура како песочен часовник.
Секако, потполнките не треба да бидат преголеми.
Внимателно комбинирајте ги сакоата со долги здолништа
Комбинацијата од здолниште и сако изгледа мошне елегантно.
Но, ако носите долго здолниште, треба да бидете внимателни.
Ако сакате подолго здолниште, подобро облечете плисиран модел.
Експериментирајте со модни додатоци
За да ја освежите едноставната комбинација со сако, слободно експериментирајте со модните додатоци.
Ставете впечатлив накит, марама на главата, уникатна чанта…