9 совети за комбинирање сакo (со кои ќе изгледате како дама со стил)
Носете ги со колани
Ако комбинацијата ви изгледа монотона, можете да ја освежите со голем колан на половината.
Доколку станува збор за долго сако, можете да го носите и како фустан со колан.
Внимателно комбинирајте ги широките модели
Ако носите широко сако, препорачливо е да облечете потесни панталони или здолниште.
Ако ги носите широките модели со широки панталони, ќе изгледате пошироки.
Обрнете внимание на должината на сакото кога носите здолниште
Ако носите кратко здолниште, сакото не треба да биде подолго од самото здолниште.
Ставете ги маичките во панталоните
Ако носите сако, фармерки и маичка, комбинацијата ќе изгледа многу, многу подобро доколку ја ставите маичката во фармерките.
Истото важи и за подолги кошули.
Експериментирајте со материјали
Периодов доста популарни се кожените сакоа кои изгледаат навистина стилски.
Слободно експериментирајте и со сакоа од сатен, кадифе и слично.
Спирова С. | Црнобело