Со што да ги замените класичните фармерки во есенските аутфити и да изгледате тренди?
„Палацо“ панталони
Таканаречените „палацо“ панталони се удобни и можете да ги носите наместо фармерки.
Одберете модел со висок струк кој изгледа одлично со маички, џемпери и јакни.
Кадифени панталони
Кадифените панталони повторно се враќаат во мода, а бидејќи се достапни во многу бои, можете да ги комбинирате со сè и сешто.
Одлично се вклопуваат во есенски и зимски комбинации.
Фармерки или панталони во живи бои
Ако сакате да ја освежите инаку монотоната комбинација, слободно облечете панталони или фармерки со некоја жива боја.
Долго здолниште
За поелегантни комбинации со кошули, долгите здолништа можат да изгледаат одлично.
Благодарение на едноставниот, минималистички дизајн, овие здолништа изгледаат добро и во лежерни комбинации со ролка или џемпер.
Спирова С. | Црнобело