Со што да ги замените класичните фармерки во есенските аутфити и да изгледате тренди?
Ѕвонарки, плисирано здолниште или кадифени панталони – со што друго можете да ги замените класичните фармерки во секојдневните модни комбинации?
Фармерките се најпопуларното парче облека, и тоа со причина – им стојат добро на сите, а лесно се вметнуваат во секакви комбинации.
Но, ако ви е „преку глава“ од класични фармерки, лесно можете да ги замените со други модели на панталони или, пак, здолништа.
Неколку предлози за инспирација:
Ѕвонарки
Ѕвонарките, без разлика дали се од тексас или друг материјал, визуелно ги издолжуваат нозете и прават да изгледаат послаби.
Изгледаат најдобро во комбинација со чевли со високи потпетици.
Кожени панталони
Кожените панталони се одлични за комбинации во кои инаку би облекле фармерки.
А, тие се многу добра замена за есенските и зимските денови кога времето е постудено.
Тренерки
Во полежерните комбинации со блузон и патики, слободно заменете ги фармерките со удобни тренерки.
Иако можеби некогаш тренерките беа облека за по дома или за во теретана, трендсетерките одново и одново докажуваат дека изгледаат добро и во комбинации за излегување.
Плисирано здолниште
Плисираните здолништа изгледаат мошне добро во елегантни комбинации, но можете да ги носите и со полежерна облека која инаку би ја комбинирале со фармерки, како џемпери и ролки.