5 нијанси што треба да ги носите кога сакате да се расположите, според експерт за психологија на бои
Црвената е „жива“ боја и ја поврзуваме со среќа. Па, облеката со оваа нијанса може да има позитивно влијание врз расположението.
Мишел Луис е експерт за психологија на бои и вели дека нашето телото реагира различно на разните нијанси што ги гледаме околу нас.
На пример, сивилото во постудените денови може да има лошо влијание на нашето расположение, но затоа, пак, сончевите денови нè прават посреќни.
Според неа, сличен ефект можеме да постигнеме и со боите што ги носиме.
„Можеби се чувствувате под стрес или сакате да останете смирени и балансирани во текот на денот – тогаш можете да облечете одредени бои за да го постигнете тоа“, вели Мишел за Insider.
Иако сè уште е сончево, Мишел споделува кои бои ќе ви помогнат да си го подобрите расположението кога ќе дојдат потмурните денови:
Црвената го зголемува нивото на енергија
Мишел вели дека црвената е боја која се поврзува со делувањето и поради ова ни дава енергија.
Таа препорачува да носите црвена рано наутро или ако се чувствувате изморено.
Портокаловата е добра за расположението
Според Мишел, портокаловата е една од боите кои нè асоцира на есен и генерално ни буди убаво чувство бидејќи ја поврзуваме со оваа сезона.
Поради ова, портокаловата облека може да има позитивно влијание врз нашето расположение.
Жолтата нè прави радосни
Жолтата боја е „жива“ и ја поврзуваме со среќа.
Па, жолтата облека може да нè направи посреќни, особено ако ја носиме на денови кога е многу облачно.