9 стилски правила што мажите најчесто ги забораваат (па изгледаат диспропорционално)

Изборот на костум направете го според висината

Кога избирате костум постојано треба дa имате едно правило на ум.

Пониските мажи треба да изберат модел со малку потесен крој и со копчиња што се малку повисоки од половината за визуелно да го издолжат изгледот.

Повисоките мажи, може да изберат костум во потемни бои, заедно со сако со 3 копчиња.

9-stilski-pravila-shto-mazhite-najchesto-gi-zaboravaat-pa-izgledaat-disproporcionalno-07.jpg

Кратки кошули надвор од панталоните

Носењето долги кошули со пантолони со тесен крој може да направи целосно да изгледате диспропорционално: нозете визуелно се скратуваат, а торзото се издолжува.

Како правило, барем половина од пределот на меѓуножјето треба да биде видлив, а ракавите кога ќе застанете исправено, треба да започнуваат во иста височина со најдолното копче на кошулата.

9-stilski-pravila-shto-mazhite-najchesto-gi-zaboravaat-pa-izgledaat-disproporcionalno-08.jpg

Балонест изглед на кошулата кога ќе ја ставите во панталоните

Запомнете дека сите кошули не се наменети за ставање во пантолоните, па затоа може да се случи кај некои кошули да имате балонест изглед над пантолоните.

За да откриете која кошула е за во пантолони, погледнете во делот кај копчињата – ако кошулата има поголем простор од најдолното копче до работ, тоа значи дека е наменета за да ја ставите внатре и ќе изгледа подобро.

9-stilski-pravila-shto-mazhite-najchesto-gi-zaboravaat-pa-izgledaat-disproporcionalno-09.jpg

Изберете шорцови со вистинската должина за вас

Кога избирате шорцови внимавајте на должината, доколку не сакате да изгледате како да носите здолниште.

Правилото е да изберете шорцови со должина од 3 до 8cm над коленото. Сѐ друго не изгледа соодветно.

9-stilski-pravila-shto-mazhite-najchesto-gi-zaboravaat-pa-izgledaat-disproporcionalno-10.jpg

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Следењето модни трендови е вистински предизвик (низ 14 реални илустрации) Модата се движи во циклуси, па работите кои беа модерни во времето на нашите дед...
7 трикови што ќе ви помогнат од око да ги изберете најквалитетните фармерки Обрнувате ли внимание на рабовите, големината на алките за ремен или на нитните?...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
7 модели на чевли кои изгледаат богато, дури и ако се купени за малку пари Избегнувајте чизми со врвки, а кога бирате патики, земете предвид дека нежните н...
Како да го изберете совршениот костим за капење (според обликот на телото)? Ако имате стомаче и сакате да го скриете, не мора да носите исклучиво едноделни ...
Бон-тон правила за носење чанта што треба да ги знае секоја дама Малата чанта не треба да ја држите под рака, а чантата со две пократки прерамки ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg