9 стилски правила што мажите најчесто ги забораваат (па изгледаат диспропорционално)
Верувањата дека само жените треба да се грижат за сопствениот изглед се застарени. Денес и мажите подеднакво како жените се трудат да изгледаат модерно и урбано, но постојат некои правила што често се забораваат. Кои се тие?
Иако често се вели дека кога станува збор за модата клучно е да се кршат правилата, сепак, треба да внимавате и како ги кршите правилата за да не изгледате смешно.
Не е важно само каква облека носите, туку и како ви стои. Дали вашето тело изгледа диспропорционално или не?
Овие стилски правила може да ви помогнат многу да го подобрите изгледот, доколку обрнете внимание на нив.
Комбинирање фармерки и чевли или патики
Урбаниот стил честопати подразбира носење фармерки и патики, па некои компании дури и креирале фармерки што се наменети само за патики, а тие најчесто се со поширок крој и ногавици.
Меѓутоа, треба да се напомене дека ваквите фармерки најчесто визуелно ја прават ногата да изгледа пократко.
Ако сакате ногата да изгледа издолжено, тогаш најдобро е чевлите, односно патиките, да ги комбинирате со фармерки со потесни ногавици.
Не користете премногу додатоци
Не е залудна изреката дека „помалку е повеќе“. Ако на себе носите синџирче, алка за рака, рачен часовник и шапка, тоа го одвлекува вниманието од вашата облека.
Суптилната комбинација од рачен часовник, очила за сонце и соодветни чевли е сосема доволна за да покажете дека водите сметка за сопствениот изглед.
Комбинирање на широка и тесна облека
Модерниот изглед подразбира комбинирање на повеќе различни модни парчиња. Иако често не се препорачува да носите долги маици, сепак тие може да изгледаат одлично кога ќе ги искомбинирате со фармерки со потесен крој.
Исто така, ако носите фармерки со поширок крој, најдобро е да ги комбинирате со потесна маица.
Изберете го отворот на маицата според обликот на лицето
Отворот на маицата му дава хармоничен изглед на лицето и го истакнува, па затоа изборот треба да се направи според обликот на лицето.
Мажите што имаат правоаголен облик на лицето и пократок врат може да изберат маица со V – отвор, додека на мажите што се повисоки или имаат подолг врат подобро ќе им стојат маици со помал кружен отвор.
Кожена јакна
Кожената јакна изгледа подобро кога сте ја носеле некој период, отколку нова, па затоа постои еден трик што ќе ви помогне побрзо да ја „омекнете“ новата кожена јакна.
Земете влажна крпа и пребришете ја. Потоа облечете ја јакната и направете неколку склекови со неа или аеробик вежби.
Само внимавајте на количеството вода што го користите за да не ја уништите јакната.