9 модни правила што се сметаа за вечна класика, а денес веќе не се ИН
Ако сакате да носите бисери, наместо редените ланчиња какви што носеле претходните генерации, изберете бисери во неправилна форма кои ќе бидат наредени на кожичка и делуваат многу кул.
Модата постојано се менува, а некои парчиња за кои велевме дека се вечна класика, денес не се во мода и не се носат. Меѓу нив се и сандалите на плута...
Рамно здолниште до колена
Последниве години здолништата не се во мода, бидејќи треба соодветно да се комбинираат, а многу жени велат дека се чувствуваат неудобно додека ги носат. Наместо тоа избираат фустани или панталони.
Меѓу парчињата што беа класика, а веќе не се носат, се рамните здолништа до колена. Стилистите препорачуваат да ги замените со покуси рамни здолништа, изработени од тантела, на пример.
Обетки алки
Скоро и да нема жена која во својата колекција не поседува барем еден пар обетки во форма на алки. Но, денес тие не се сметаат за класика, туку за „здодевен аксесоар“.
Поради ова стилистите препорачуваат едноставните алки да ги замените со парчиња со необична форма, или три алки споени една до друга.
Бисерни ланчиња
Бисерите до неодамна важеа за безвременска класика. Тие се и денес во мода, но стилистите имаат друга препорака.
Наместо редените ланчиња какви што носеле претходните генерации, изберете бисери во неправилна форма кои ќе бидат наредени на кожичка и делуваат многу кул.
Долги џемпери
До неодамна во мода беа долги шарени џемпери без копчиња кои го покриваат задникот. Стилистите веќе не ги препорачуваат ваквите модели, туку парчиња кои се куси и се закопчуваат со големи копчиња.
Плетени елеци во комбинација со кошула
Некогашната класика веќе не е во мода. Наместо тоа, ако веќе сакате да носите плетен елек, носете го „на голо“, без кошулата одоздола.
Панталони „цевка“
Тесните панталони „цевка“ кои ја се припиени за ногата, исто така веќе не се сметаат за класика.
Наместо тоа, одберете рамни панталони, па дури и ѕвонарки, кои последниве години се повторно во мода.
Капри панталони
Ако сакате да носите капри панталони, наместо тесни, изберете поширок модел кој делува попривлечно.
Класична бела кошула
Струкираната бела кошула веќе не е во мода.
Наместо неа, стилистите препорачуваат пошироки модели кои може да се комбинираат и со фармерки и со здолништа, и со кожени панталони.
Фармерки во високи чизми
Иако ви се допаѓа како ви изгледа ногата кога ќе искомбинирате фармерки со високи чизми, сепак, заборавете на овој тренд.
Наместо тоа, комбинирајте ги фармерките со чизми до глуждови.
А. Ј. | Црнобело