Модни трикови и совети за девојки со облини
Облекувајте се слоевито и обрнете внимание на должината на ракавите – модни трикови што ќе ви се најдат ако имате облини.
Сите имаме различно тело, што значи не можеме сите да се потпреме на истите модни трикови.
Истовремено, секогаш треба да ја земеме предвид формата на нашето тело бидејќи некои парчиња им стојат подобро на слаби девојки, а некои им стојат подобро на девојки со облини.
Ако сте во втората категорија, сигурно ќе ви се најдат следниве совети:
Поработете на држењето на делото
Ова можеби не звучи како моден совет, но е навистина важен.
Ако одите подгрбавени, нема да изгледате добро без разлика што носете.
Потрудете се да го држите грбот исправен и веднаш ќе забележите разлика, каква облека и да носите.
Обрнете внимание на долната облека
Правилната добра облека е клучна за секоја комбинација.
Квалитетниот градник ќе ви помогне да ги истакнете облините, а притоа ќе ви ја даде потребната поддршка ако имате големи гради.
Не ги пикајте блузите и кошулите во панталоните
Пикнатата блуза може да направи вашата половина да изгледа поширока.
Освен ако не станува збор за панталони или здолниште со многу висок струк, избегнувајте да ги пикате блузите и кошулите во нив.
Облекувајте се слоевито
Можеби не во лето, но во другите сезони дајте им предност на комбинациите со слоеви.
Со овие комбинации не мора да се грижите дали ви се познава стомаче или што било, а изгледаат навистина добро.
Обрнете внимание на должината на ракавите
Неретко забораваме колку е важна должината на ракавите.
Крајот на ракавите привлекува внимание во таа област. Односно, ако имате стомаче, а ракавите завршуваат во негова линија, со тоа ќе го истакнете.
Давајте им предност на долгите ракави во постудените месеци и многу кратките ракави во потоплите.