Модни трикови и совети за девојки со облини
Носете панталони и здолништа со висок струк
Овие модели прават половината да изгледа послаба, а притоа ги нагласуваат другите облини.
Избегнувајте панталони со големи џебови
Големите џебови додаваат волумен на нозете.
Па, најдобро избегнувајте ги.
Дајте им предност на широките фустани
Фустаните со широко здолниште стојат одлично на секаков вид тело, особено ако имаат и тесен горен дел.
Овие модели ги истакнуваат облините, а притоа можат да го прикријат стомачето.
Вертикални наместо хоризонтални линии
Ова е трик што веќе сигурно сте го слушнале – вертикалните линии визуелно го издолжуваат телото, па изгледаат одлично на девојки со облини.
Впечатливи модни додатоци
Големите чанти, марамата со интересен дезен и сличните впечатливи модни додатоци се одлични за полнички девојки.
Тие стануваат фокус на комбинацијата и значително ја подобруваат.
Спирова С. | Црнобело