Модни трикови со кои Амал Клуни изгледа подобро и од холивудските ѕвезди
Избегнува темни комбинации и за дневно излегување преферира големи чанти – кои се модните тајни на Амал Клуни?
Светот дозна за Амал Клуни благодарение на сопругот Џорџ Клуни. А, откако почнаа заедно да одат на важни настани, како доделување на филмски награди, Амал ги засенува и најубавите холивудски ѕвезди.
Кои се тајните за нејзиниот беспрекорен стил?
Фустан со широко здолниште и тесен горен дел
Фустаните со тесен горен дел и пошироко здолниште стојат добро на буквално секој тип тело.
Овие модели визуелно ја стеснуваат половината и кога се пократки, ги издолжуваат нозете.
Избегнува темни комбинации
Амал Клуни ѝ дава предност на светлата облека.
Дури и кога носи нешто црно, обично го комбинира со светло палто или сако.
Комбинира елегантни фустани со штикли со слична боја
Кога се двоумите за бојата на чевлите, нема да погрешите со иста или слична нијанса на фустанот.
Сака впечатлив накит, но не претерува
Амал честопати носи големи и впечатливи парчиња на накит, но не ги комбинира со други големи парчиња.
Ако, на пример, носи големи обетки, единствено може да стави минималистички прстен или белегзија.