Модни трикови со кои Амал Клуни изгледа подобро и од холивудските ѕвезди
Не се плаши од разголени комбинации
Амал Клуни никогаш не се облекува вулгарно, но не се плаши и од поразголени комбинации.
Можеби нема да ја видите со длабоко деколте, но носи облека со разголени рамена, суптилни исечоци на стомакот, високи шлицови и слично.
Едноставни костими во впечатливи бои
Поради професијата, Амал е експерт за деловни комбинации.
Во овие ситуации таа им дава предност на едноставните костими без некои впечатливи додатоци. Но, речиси секогаш одбира модели со впечатливи бои.
Сак големи чанти
На свечени настани, Амал преферира мали чанти.
Но, ако обрнете внимание на фотките од нејзиното секојдневие, ќе забележите дека многу повеќе ги сака големите чанти.
Големите чанти изгледаат подобро за дневни комбинации, а се и многу попрактични.
Носи впечатливи чевли
Кога носи минималистичка облека, Амал не ја испушта можноста да ја искомбинира со впечатливи чевли.
На овој начин додава одличен контраст во комбинацијата (која инаку може да изгледа монотоно).
Спирова С. | Црнобело