9 грешки што ги правите кога купувате чевли (и потоа нозете ве болат)
Ги носите чевлите само неколку минути пред да решите да ги купите
За да имате вистинска претстава дали чевлите ќе ви бидат удобни или ќе ве болат нозете, потребно е да ги носите подолго.
Одете во нив барем 15 минути пред да се решите да ги купите.
Купувате премногу отворени сандали
Некои сандали изгледаат преубаво, дури и кога ќе ги пробате ви се добри, но како што одите во нив, ногата почнува да ви лизга надолу, бидејќи се премногу отворени.
Ако ремчето не ви ги држи прстите доволно стегнати (и е поставено барем на половина прст), не ги купувајте.
Не ја земате предвид формата на стапалото
Дали вашето стапало има египетска, римска или грчка форма? Тоа зависи од поставеноста на прстите – дали одат на косo, дали се во рамна линија или вториот прст ви е најголем.
Па, врз база на тоа треба да ги избирате и чевлите.
Ако имате египетско стапало – избегнувајте тесни чевли, ако имате римско стапало најсоодветни за вас се чевли со заоблен врв или коцка.
Ако имате грчко стапало, идеални се чевлите со шпиц, бидејќи има доволно простор за долгиот втор прст.
Пробувате чевли со погрешни чорапи
Патиките не се пробуваат со свилени хулахопки, исто како што ни салонките не треба да ги пробувате со дебели чорапи.
Исто така, ако купувате чизми или чевли за зима, и тоа го правите на лето, не одете во продавница без дебел пар чорапи – онакви какви што ќе носите кога ќе дојде сезоната за која ги купувате.
A. J. | Црнобело