Костадин Захов – наш голман со уникатен моден стил (фото)

„Никогаш не би можел да се замислам во тесни маички и фармерки со големи логоа на нив. За моите комбинации често се случува некој да ми искоментира дека комбинацијата ми е чудна, па тој никако не би ја облекол. Но, тоа е сосема во ред. Јас прифаќам и разбирам зошто некому не му се допаѓа тоа како сум облечен“, голманот Костадин Захов за CRNOBELO.com зборува за својот специфичен стил на облекување.

kostadin-zahov-makedonski-golman-so-unikaten-moden-stil-koj-inspirira-01.jpg

Голманот на ФК „Шкендија“, Костадин Захов, важи за еден од мажите со најуникатен street style во Македонија.

Дино, како што го викаат пријателите, сака да комбинира облека во весели и впечатливи бои, не се плаши да експериментира со стилот и често носи парчиња кои многумина сметаат дека се неспоиви.

kostadin-zahov-makedonski-golman-so-unikaten-moden-stil-koj-inspirira-27.jpg

Дино Захов е роден на 08 ноември 1987 година во Струмица, а во моментов живее на релација Тетово – Скопје. Тој е голман на ФК „Шкендија“ од Тетово.

Па, кога не носи дрес и голмански ракавици, сака да експериментира со облеката, а вели: „Нема нешто што не би споил, ако сметам дека ми стои добро и ако се чувствувам убаво со својот избор“.

kostadin-zahov-makedonski-golman-so-unikaten-moden-stil-koj-inspirira-21.jpg

За CRNOBELO.com тој говори за својот моден стил:

„Мојот начин на облекување би го ставил во street style, иако не се држам до никакви граници што опфаќа само еден тип на облекување.

Најмногу сакам да комбинирам широки панталони и кошули.

kostadin-zahov-makedonski-golman-so-unikaten-moden-stil-koj-inspirira-18.jpg

И често се случува некој да ми искоментира дека комбинацијата му е чудна, па тој никако не би ја облекол. 

Но, тоа е сосема во ред. Јас прифаќам и разбирам зошто некому не му се допаѓа тоа како сум облечен.

kostadin-zahov-makedonski-golman-so-unikaten-moden-stil-koj-inspirira-17.jpg

Од боите омилена ми е црната, а имам многу омилени парчиња и ги носам додека не се распаднат.

kostadin-zahov-makedonski-golman-so-unikaten-moden-stil-koj-inspirira-19.jpg

Во последно време не сакам да трошам многу за облека и успевам во тоа, купувам од пристапни брендови.

kostadin-zahov-makedonski-golman-so-unikaten-moden-stil-koj-inspirira-06.jpg

Но, најмногу уживам во custom made парчиња, поготово кога наидувам на обострано разбирање со тој што ми ги прави.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 работи за плажа без кои модерните дами не одат на одмор Рибарската шапка сега е помодерна од класичните шешири, шик сандали наместо обич...
Девојка од Скопје со впечатлив моден стил - обожава црвен кармин и смели комбинации (фото) „Еден период купував само блузони, потоа само деловни комбинации, а последнава г...
Моден погодок: Две Македонки во аутфити со оскаровски гламур на јахта во Кан Двете пријателки, се вљубенички во модата, а и модата е нивна животна професиона...
Славни жени кои се облекуваат младешки (и се доказ дека годините не треба да го дефинираат стилот) Можете ли да ја замислите Шер во класични костимчиња, или Салма Хајек закопчана ...
Широки фармерки, палта, необични очила: Каков е стилот на Тамара Тодевска кога не е на сцена? Модниот стил на Тамара Тодевска на сцената и во приватниот живот не се разликува...
Тренд кој ги освои и Македонките - Златни обетки во стилот на '80-тите Цветови, солзи, кругови - оваа сезона во фокус се големите златни обетки во стил...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg