Костадин Захов – наш голман со уникатен моден стил (фото)
Никогаш не би можел да се замислам во тесни маички и фармерки со големи логоа на нив, на кои го пишува брендот, на пример D&G, Balenciaga, Armani итн.
Имам околу 10 пара патики, но користам само 3-4 од нив.
Имам и по некој пар чевли за свечена пригода, но многу, многу ретко сакам да ги комбинирам со облеката.
Сакам кога имам свечени пригоди да облечам нешто што е специфично, елегантно, но сепак преку истото да го изразам мојот автентичен стил.
Двата костума што ги носев неодамна – зелено и црно со портокалови детали, се шиени.
Што се однесува до модниот избор на партнерката, воопшто не ми е важно таа да е модно усогласена со мене. Тоа е само парче материјал“.
Погледнете повеќе фотографии од Костадин: