7 модели на костими за капење што ќе бидат хит ова лето и 6 што треба да ги избегнувате
6 модели што треба да ги избегнувате:
Горен дел без рамки
Иако изгледаат добро, овие костими за капење не се најпрактични.
Па, сè повеќе и повеќе девојки ги заменуваат со поудобни модели со рамки.
Дизајнерски логоа
Некогаш облеката со дизајнерско лого беше симбол за престиж.
Но, сега ни богатите не сакаат да ги носат.
Дизајнерските логоа се заменуваат со впечатливи и ретро принтови.
Модели како шорцеви
Ако не ви се допаѓаат минијатурните бикини, веројатно им давате предност на шорцевите.
Но, ќе изгледате многу подобро во бикини со висок струк кои стануваат многу популарни.
Неонски бои
Постепено, овој тренд „изумира“, па оваа сезона немојте да купувате костими за капење со неонски бои.
Модели со горен дел како маица
Кај овие дводелни костими, горниот дел е како маица, па обично е избор на девојките и жените кои не сакаат да го покажуваат стомачето.
Сепак, веќе изгледаат застарено, па многу подобро е да одберете впечатлив едноделен модел.
Долги широки шорцеви
За многу мажи, широките шорцеви кои повеќе изгледаат како кратки панталони се едни од омилените.
Но, овие модели не им стојат добро ни на најзгодните момци.
Годинава дајте им предност на малку пократките модели и, како што спомнавме претходно, слободно комбинирајте ги со маици на кратки ракави за повпечатлив изглед.
Спирова С. | Црнобело