7 модели на костими за капење што ќе бидат хит ова лето и 6 што треба да ги избегнувате
Ретро принтовите стануваат популарни и кај костимите за капење, но неонските бои веќе изгледаат застарено – кои костими за капење ќе бидат хит летово, а кои треба да ги избегнувате?
Веројатно веќе го планирате летниот одмор, а овде спаѓа и купување нов костим за капење.
Ако се двоумите што да купите, оваа листа на тренди и застарени модели сигурно ќе ви се најде.
7 модели што ќе бидат хит ова лето:
Едноделни модели со исечоци
Едноделните костими за капење се секогаш популарни, но оваа сезона дајте им предност на поуникатните модели.
Исечоците од страната го подобруваат изгледот на костимот, но и на вашата фигура.
Модели инспирирани од 1990-тите
Трендовите од 90-тите се враќаат и кај костимите за капење.
Костимите со контрастни бои, асиметричен крој и карнери ќе бидат хит ова лето.
Дводелни сетови со ист дезен
Изминативе неколку години популарни беа дводелните сетови со различен горен и долен дел.
Но, годинава повторно се прославуваат дводелните сетови со иста боја или дезен.
Шорцови со маица
За мажите, најпопуларни се еднобојните кратки шорцови.
За оваа сезона, стилистите советуваат да ги комбинирате со маица со иста боја.
Костими со долги ракави
Во минатото, овие костими ги носеа спортистите и сурферите. Но, сега стануваат хит и за „обично“ одење на плажа.
Плетени бикини
Плетените бикини се популарни веќе неколку години, а истото важи и за оваа сезона.
Ретро принтови
Ретро принтовите со живи бои се уште еден тренд од минатото кој повторно се враќа на модната сцена.