Модни предлози за матурантки: 4 модели на фустани кои се тренди и 4 кои се застарени
Нема да погрешите со фустан во дречлива боја, како жолта, но избегнувајте ги традиционалните балски модели со огромни здолништа.
За средношколците, матурската вечер е најважниот настан во животот и сите сакаат да изгледаат совршено.
Поради ова, подготовките за вечерта почнуваат неколку месеци однапред, особено за девојките.
Ако сè уште се двоумите што да носите за матурската вечер, погледнете кои модели на фустани се тренди, а кои е најдобро да ги избегнувате.
4 модели кои се „ин“:
„Лелеави“ фустани
„Лелеавите“ фустани од материјал како сатен се голем хит оваа сезона.
Одлично изгледаат и моделите со детали како тантела.
Светли, дречливи бои
Дречливите бои се многу популарни веќе неколку сезони, а периодов голем замав зема розова боја која потсетува на куклата Барби.
Нема да погрешите со фустан и со друга дречлива боја, како жолта или портокалова.
Фустани со корсети
Корсетите повторно стануваат хит, а скоро сите се согласуваат дека изгледаат одлично на фустани.
Елегантни костими
Сè почесто матурантките ги заменуваат фустаните со панталони.
Ако не сакате да носите фустан, нема да погрешите со еднобоен елегантен костим во комбинација со впечатлив корсет или блуза.
Најдоброто во овој случај е што сигурно ќе можете да си го носите костимот и по матурската вечер