7 модели на чевли за кои вреди да дадете повеќе пари (бидејќи ќе ги носите постојано)
Минималистички сандали
Во летните денови, нема да најдете поелегантни чевли од минималистичките сандали.
Лесно се комбинираат и сигурно ќе ги носите многу често, но важно е да бидат квалитетни и удобни.
Високи чизми со штикла
Овие чизми веќе се класика и вреди да вложите во квалитетен пар.
Одлични се за на работа и дневни излегувања, но можете да ги вметнете и во поелегантни комбинации.
Еспадрили
Вреди да вложите во квалитетен пар епсадрили бидејќи се навистина удобни.
Покрај тоа, постојат и модели со платформа кои можат да изгледаат елегантно.
Чизмички со ниска штикла
Во есен и кон крајот на зимата, нема да ги соблечете овие чизми.
Одберете модел со понеутрална боја што ќе можете да го носите со повеќе парчиња облека.
Спирова С. | Црнобело