7 модели на чевли за кои вреди да дадете повеќе пари (бидејќи ќе ги носите постојано)
Класичните салонки и квалитетните патики се задолжителни, без разлика каков стил негувате. За кои други чевли вреди да дадете повеќе пари, бидејќи навистина ќе ги носите многу често?
Кога не сте сигурни дали треба да дадете повеќе пари за пар чевли, најпрво размислете колку често ќе ги носите.
Некои модели на чевли лесно се комбинираат со скоро сè, па навистина вреди да дадете и мало богатство за нив, бидејќи навистина ќе ги носите многу често.
Кои модели спаѓаат овде?
Класични салонки
Салонките изгледаат добро со секакви комбинации. Можете да ги носите на работа, на свечени настани, па дури и да ги комбинирате за дневни излегувања.
Од друга страна, избегнувајте штикли со висока платформа кои не се најудобни и не изгледаат многу добро.
Квалитетни патики
Патиките не се само за трчање и одење во теретана.
Покрај за дневни излегувања, некои модели можат да изгледаат навистина добро и во комбинација со сако, па и фустан.
Мокасини
Уште еден модел кој можете да го носите буквално секаде.
Мокасините се хит веќе неколку години, па дури и да дадете повеќе пари за нив, ќе бидете сигурни дека ќе можете да ги носите во иднина.