Најпопуларна боја за пролет 2023 – Ниту Македонките не му одолеаја на новиот тренд
На новиот моден тренд за пролет 2023 не му одолеаја ни Македонките. Елена Најдоски, Александра Шијакоска, Валерија Преспаноска, се само дел од оние што објавуваат фотографии на кои носат кафеаво.
Кафеавата боја е малку специфична и потсетува на есен, но стилистите велат дека таа е најхит бојата за пролет 2023.
Оваа боја ја промовира Хејли Бибер со своите објави на Инстаграм, но и дамите од соседството – Ана Ивановиќ и Данијела Димитровска.
На новиот тренд не му одолеаја ни Македонките. Елена Најдоски, Александра Шијакоска, Валерија Преспаноска, се само дел од оние што објавуваат фотографии на кои носат кафеаво.
Темна, светло кафеава, дури и крем или комбинација од трите нијанси - стилистите велат дека не можете да згрешите оваа сезона.