Кои се најголемите стравови во сексот на мажите и жените и како да ги надминете? (18+)

Најголемите стравови на мажите:

Проблеми со ерекцијата

Трејси вели дека во некој период од животот, сите мажи се соочуваат со проблеми со ерекцијата, што значи ова е сосема нормално. Проблемот е што неретко тие не ги земаат предвид факторите што имаат влијание врз ерекцијата, па мислат дека станува збор за сериозен проблем.

На пример, кога сте изложени на многу стрес, голема е веројатноста дека ќе имате проблеми во спалната соба.

Трејси нагласува дека неколку „неуспешни обиди“ воопшто не значат дека имате сериозен проблем, туку само треба да размислите која е можната причина. Истовремено, не заборавајте дека е сосема нормално ерекцијата да ослаби и за време на секс.

Прерана ејакулација

Трејси вели дека повеќето мажи сметаат дека сексот мора да трае најмалку пет минути, но истакнува дека тоа би значело дека сите мажи имаат проблеми со рана ејакулација. Прерана ејакулација е ако не можете да издржите повеќе од минута-две и обично мажите се позагрижени за ова отколку жените.

Ако сепак се соочувате со прерана ејакулација, Трејси вели дека можете да пробате лубриканти и кондоми кои ја одложуваат ејакулацијата. Ако, пак, земате некакви лекови, прашајте го лекарот дали можеби тоа има некакво влијание врз вашиот сексуален живот, па најдете решение.

koi-se-najgolemite-stravovi-vo-seksot-na-mazhite-i-zhenite-i-kako-da-gi-nadminete-05.JPG

Што ако партнерката не доживее оргазам?

Трејси вели дека ако очекувате партнерката да доживее оргазам само со пенетрација, без никаква друга стимулација, најверојатно ќе бидете разочарани.

Наводно, само 25% од жените доживуваат оргазам само со пенетрација, па ако сакате партнерката да го достигне врвот, ќе мора да се фокусираате на други ерогени зони.

Трејси советува наместо на пенетрација, повеќе да се фокусирате на орален секс – тогаш шансите за оргазам кај жената се значително поголеми. И, се разбира, отворено разговарајте со партнерката и прашајте ја што ѝ се допаѓа.

koi-se-najgolemite-stravovi-vo-seksot-na-mazhite-i-zhenite-i-kako-da-gi-nadminete-06.JPG

Големина на пенисот

Трејси спомнува истражување со 50.000 испитаници, во кое 45% од мажите изјавиле дека сакаат поголем пенис. Од друга страна, анкета во склоп на истото истражување покажала дека 85% од жените се задоволни од големината пенисот на нивниот партнер.

Ова значи дека жените речиси и да не се загрижени за големината на пенисот, а Трејси вели дека не треба да се грижите ни вие. Многу поважни се вашите вештини, како ја третирате партнерката, но и комуникацијата помеѓу вас.

Трејси нагласува дека ако има проблем во вашиот сексуален живот, големината на вашиот пенис сигурно не е причината за тоа. Па, заборавете на тоа и дозволете си да уживате.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg