Да, да - уште ве сака!
Вечното прашање кога ќе прекинете врска која оставила трага во вашиот живот, а личноста се уште ви значи или ве врзува за убави спомени е дали поранешниот...
...поранешната се уште ве сака. Ако навистина ве интересира одговорот на ова прашање, немојте да бидете слепи пред овие сигнали кои ви ги потврдуваат сомнежите.
1. Секојдневно разговарате на телефон.
2. На некој начин станувате дел од неговата/ нејзината рутина.
3. Зборува и ве потсетува на старите добри времиња.
4. Не забележува други девојки/ момци и после прекинот долго време е сам/а.
5. И понатаму е љубоморен/на.
6. Често ви подарува нешто макар и ситници.
7. Секогаш е на ваша страна.
8. Ги распрашува заедничките пријатели за вас.
9. Кога ќе се сретнете може да го видите „оној“ сјај во очите.
10. Едноставно – кога некој ве сака можете да почувствувате длабоко во себе, колку и да сакате да го потиснете ова чувство.