„Не трошете време на состаноци“ и уште 8 чудни правила кои Илон Маск ги следи за успех
Ако имате проблем, кажете им го на сите
Во повеќето компании, вработените ги упатуваат нивните грижи и прашања кон нивните претпоставени, но најчесто проблемите не се решени, бидејќи или комуникацијата во продолжение помеѓу менаџерите е лоша или проблемот и мислењето на работникот се игнорира.
Илон Маск има поинаков концепт за менаџирање и ги охрабрува вработените наместо да чекаат да му се обратат само на тој еден човек над нив, да бидат покомотни при дискутирањето на проблемите со некој на многу повисоко ниво.
Не трошете време на состаноци – залудни се
Додека многу работодавачи ги ценат состаноците како важен мост на комуникација помеѓу нив и вработените, Илон Маск смета дека состаноците се губење време.
Тој вели дека освен ако состанок не е од клучно значење за целата компанија, тогаш нема потреба да се губи време на залудни разговори.
Комуникациските вештини се од клучно значење
Првиот впечаток при запознавање е многу важен, а секој работодавач ги цени комуникациските вештини кај вработените или кандидатите.
Што правила?!
И на крајот, иако Илон Маск се водел по одредени принципи кои ние ги нарекуваме правила за успех, сепак тој не смета дека треба слепо да се следат правила во работата.
Тој не верува во правила на компанијата и повеќе сака да се користи здрав разум, отколку да се слушаат претпоставените и пишаните правила, посебно ако тие се нелогични.
Следењето на инстинктот е клучно за растот на компанијата што може да доведе до успех.
Што мислите вие за овие принципи и дали треба навистина да се применуваат или неговиот успех бил исклучок според овие правила?
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:

