Како различните професии може негативно да влијаат на приватниот живот?
Психолог
Многу психолози почнуваат да се занимаваат со оваа професија за да можат со помош на анализирањето на туѓите проблеми да ги најдат корените на сопствените.
Поминувањето низ патењето и проблемите на другите луѓе на работното место, тие се изложени на емоционално избувнување.
Тие имаат голема одговорност над пациентите, што создава тензија и страв од грешка.
Новинар
Новинарите постојано се во чекор со настаните и најновите случувања, па во зависност од работата, тие често може да бидат сведоци на непријатни ситуации, што негативно им влијаат на психата.
Тие не испуштаат шанса и секое ново случување го гледаат како изговор за да направат нова репортажа или вест.
Често работата од нив бара средба со луѓе кои не секогаш се пријатни, а неможноста да се изразат целосно заради цензура исто така може да доведе до негативни последици.
Работа за викенди, ноќно известување и недостаток на сон, водат до исцрпеност на телото.
Фриленсер
Поголем дел од нив можат да развијат дисциплина и само-мотивираност, но непостојаниот приход им создава несигурност.
Со оглед на тоа што нивниот дом е и работно место, немаат можност да ја променат околината и да почувствуваат разлика.
Тие се постојано на работен распоред, работат во секое време и мислите им се постојано во работата.
Затоа мора да научат како да создадат распоред во кој ќе работат, за да не го поминуваат цел ден во работа, како и да си создадат мини работно катче во домот.
Архитект
Архитектите се познати „зависници од работа“, како и по тоа што често работат до доцна во ноќта, па следниот ден се изморени, доцнат на работа и работат и за викенди.
Со тоа тие постојано патат од недостаток на сон, а тоа никако не е добро за нив. Постојано се под притисок, имаат голема одговорност, како и средби со непријатни клиенти.
Понекогаш се соочуваат и со креативни кризи, а сите овие работи може да доведат до депресија.
М. М. | Црнобело