Риболовец, борач со крокодили: 11 најопасни професии во светот

Воен репортер

Да се извлече вистината на виделина е одлично, но кога сте репортер од воено поле можете да бидете киднапирани, малтретирани, па и убиени.

Среде акцијата никој не гледа на вас како на новинар, туку како на непријател.

ribolovec-borach-so-krokodili-11-najopasni-profesii-vo-svetot-08.jpeg

Работник на нафтена платформа

Да се биде работник на нафтена платформа значи работа со една од најзапаливите супстанции во светот. Овие работници работат и по 16 часа или дури и два дена без спиење.

Експлозиите, пожарите, давењето и вовлекувањето на одредени делови од телото во машините се дел од опасностите.

ribolovec-borach-so-krokodili-11-najopasni-profesii-vo-svetot-04.jpg

Борач со крокодили

Уметноста може да ве одведе во устата на крокодилот. Борачите со крокодили при секоја изведба го ризикуваат својот живот.

Иако изгледа дека крокодилот само лежи, тој може ненадејно на изведувачот да му откине дел од телото, па и да го убие.

ribolovec-borach-so-krokodili-11-najopasni-profesii-vo-svetot-05.jpg

Дрвосечач

Дрвосечачите имаат многу опасна професија во која има за 20% поголеми шанси да умрете отколку во која било друга.

Секој ден користат тешка машинерија и поради неа или поради неочекуван пад на дрвото во погрешна насока може да настрадаат.

ribolovec-borach-so-krokodili-11-najopasni-profesii-vo-svetot-06.jpg

Риболовец

Сигурно риболовот го замислувате како нешто мирно и медитативно, но рибарите имаат една од најопасните работи на светот поради неочекуваните временски услови или инциденти со транспортот.

Во оваа професија има најголема стапка на смртност.

ribolovec-borach-so-krokodili-11-najopasni-profesii-vo-svetot-07.jpg

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат ...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg