4 лоши онлајн навики што ви ја убиваат продуктивноста

Продуктивноста е интересна работа. Некои луѓе само сакаат да прикажат дека се продуктивни, но всушност реалноста е сосема поинаква.

4 onlajn naviki shto vi ja ubivaat produktivnosta 01

Некои луѓе по цел ден се зафатени со нешто, но всушност не се продуктивни и на крајот резултатите се очајни, додека пак други работата можат да ја завршат многу подобро за многу покусо време.

Онлајн навиките имаат големо влијание во тоа. Додека работите на компјутер, тоа што го правите паралелно на интернет, може да ви го убие фокусот.

Отворате многу табови

Вообичаено сценарио е отворањето многу табови додека работите. Одвреме-навреме, отворате нов таб за да прочитате нешто и така си го одвлекувате вниманието. По некое време ќе ви биде тешко да се вратите на тоа што го работевте првенствено. Сето ова води до часови изгубено време секоја седмица.

Ако сакате ефикасно решение, инсталирајте си софтвер кој го блокира пристапот до одредени страници, освен ако не работите нешто со истражување. Постојат и многу алатки што може да ве известат ако користите одредени страници премногу. Ставете си лимит и фокусирајте се на важните работни задачи.

Не сте доволно селективни

Ако не знаете што треба да сторите и зошто го правите тоа, ќе завршите загушени во многу непродуктивни активности. Гледање на смешни видеа, кликање на чудни линкови, читање дневни вести и проверување на известувања од социјалните мрежи се дел од активностите кои залудно ви трошат време и енергија.

За да ги дуплирате резултатите, ослободете се од овие непотребни активности. Ќе имате мирен ум и поголем успех во работата. Одлогирајте се од Фејсбук и Инстаграм веднаш!

4 onlajn naviki shto vi ja ubivaat produktivnosta 02

Дозволувате мејлот да ви го одвлекува вниманието

Мејлот е моќна алатка за комуникација, но ако не го менаџирате добро, може да ве чини време и фокус на дневна база.

За да го промените тоа одредете си на пример два тајминга на ден кога ќе го отворате мејлот. Утрински завршете ги најважните работи прво, па прегледувајте попладне кога умот ќе ви биде поопуштен.

Не знаете кога да се исклучите

Не можете да бидете продуктивни кога сте вклучени онлајн 24/7. На вашиот ум му е потребен одмор од технологијата и најдобро е да се исклучите најмалку два часа пред легнување. Тоа значи не само да не посегнувате по компјутерот и телефонот, туку и да не размислувате за нив.

На почетокот ќе копнеете да проверите што има на Фејсбук додека сте во креветот, но потоа полесно ќе заспивате и ќе се будите посвежи.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
Бон-тон правила за пишување мејл со кои ќе делувате професионално Проверувајте ја пораката за печатни грешки и немојте да користите мејл со шегови...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg