10 работи кои ги кажуваат најлошите шефови

Добрите шефови ги охрабруваат, мотивираат и поддржуваат своите вработени. Ја признаваат нивната работа и трудот кој го вложуваат. Секогаш се подготвени за разговор и разумно решавање на проблемите.

10-raboti-koi-gi-kazuvaat-najlosite-shefovi-01.jpg

Лошите шефови, од друга страна, се целосна спротивност на погоре опишаните. Тие ги користат зборовите како оружје за емоционална повреда. Уживаат да ги навредуваат и понижуваат вработените. Бидејќи на тој начин се чувствуваат поважно и помоќно.

Не е никакво чудо зошто некои луѓе толку многу си ја мразат работата. Една од причината е секако – лошиот шеф.

А ова се 10-ти најчести фрази кои излегуваат од устата на најлошите шефови:

„Ако не ја сакаш работата, ќе најдам некој друг кој ќе работи.“

Добриот шеф го признава трудот, го цени и го наградува. Лошиот постојано ве потсетува кој е „главниот“ и упорно повторува дека никој не е незаменлив.

„Не те плаќам за да мислиш“

Идеите најчесто се препознавани од страна на добрите менаџери и шефови. Лошите ги доживуваат сугестиите и идеите на вработените како потенцијална закана. Како да сакате да кажете дека сте попаметни од него. А тоа не е можно, нели?

„Не може да зборувате на телефон и да ми гледате Фејсбуци по цел ден“

Во превод, Фејсбукот е забранет на работа, како и сите други социјални апликации и телефонските разговори.

Добриот шеф знае дека ваквите забрани се смешни, бидејќи ако си добар работник, ќе умееш да ја цениш довербата која ти е дадена и ќе работиш совесно, што значи социјални мрежи само за време на паузата.

Со ваквите забрани лошите шефови пак, добиваат само контра-ефекти.

„Ќе размислам“

Во превод „Ајде сега бриши и не ме заморувај повеќе“. Секако дека нема да ја прифати вашата идеја. Не го цени вашето мислење, а фактот што ве откачува со половина уста и нецелосно објаснување е доволен доказ.

„Кој ти даде дозвола да го направиш тоа?“

Лошите шефови секогаш ја потенцираат својата моќ. Ја ценат хиерархијата и сметаат дека сите вработени се под нивното ниво. Ништо не може да се случи без нивно знаење и одобрување, макар вие ја завршиле и најсјајната работа на светот без ниту една грешка.

„Остави сè друго и направи го ова ВЕДНАШ!“

Секако дека постојат моменти кога нешто мора да се сработи итно и потребно е да се остави сè друго на stand by. Но, разликата е во тоа што добрите шефови ова го прават ретко и повремено, а лошите постојано.

„Не ми кажувај проблеми, кажи ми решенија“

Вработените се тука за да ги согледуваат проблемите, шефовите се тие коишто треба да дадат насока за нивно решавање. Добрите шефови ги ценат овие гестови кога некој им укажува на некој проблем или недоследност.

Лошите пак, постојано потенцираат: Престани да ми кажуваш нешто што не сакам да го слушнам.

„Тоа е твој личен проблем“

Што и да се случува во животот на вработениот, дома или на работа, за лошите менаџери и шефови секогаш станува збор за „личен проблем“.

Ако вработениот се пожали на непријатна работна атмосфера или мобинг од страна на колегите, лошиот шеф ќе процени дека „си имаш личен проблем“. Нема да се потресе премногу, ниту да го испита или реши проблемот.

„Имам нешто да ти кажам и сакам сите да слушнат“

Тоа нешто е најчесто критика и лошите шефови упорно го прават пред сите вработени, со цел критиката да прерасне во отворено понижување. Добрите менаџери инсистираат ваквите работи да се прават на само и зад затворени врата.

Лошите уживаат во јавно навредување и понижување пред сите во компанијата.

„Биди среќен што воопшто имаш работа во вакво лудо време“

Превод: Твојот лош шеф сака да ти каже дека не му се верува како ти имаш работа, бидејќи според него лесно може да припаднеш во категоријата невработени.

Воедно, сака да те потсети дека треба да си вечно благодарен и среќен поради можноста да работиш кај него. Тој е твојот спасител, а ти воопшто не го цениш како што заслужува.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
Бон-тон правила за пишување мејл со кои ќе делувате професионално Проверувајте ја пораката за печатни грешки и немојте да користите мејл со шегови...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg