Ја поседувате ли особината која гарантира успех во животот?

Постојат многу квалитети и особини кои влијаат на нашиот успех, но научниците тврдат дека постои една клучна особина која одредува колку ќе бидете успешни во животот.

Ja-poseduvate-li-osobinata-koja-garantira-uspeh-vo-zivotot-01.jpg

Дали некој до сега ве опишал како совесна личност, ви кажал дека сте совесен работник? Ако вашиот одговор е позитивен, тоа е одлична вест, бидејќи токму совесноста е особината која долгорочно гарантира успех на сите животни полиња.

Успешните и стабилни личности ги красат многу особини, но најважна е совесноста.

Лицата кои ја поседуваат оваа особина се внимателни кога нешто работат, работејќи прецизно и доследно, сакајќи сè да биде завршено без никакви грешки.

Тие се личности со извонредна самодисциплина, организираност, промисленост и желба за успех. Никогаш на доцнат, фокусирани се на извршување на своите задачи и секогаш се подготвени да им помогнат на колегите.

Освен со успехот совесните луѓе може да се пофалат и со подобро здравје. Најчесто тоа се лица кои не пијат и не пушат, па заради тоа помалку се склони кон болести и живеат подолго.

„Совесноста е како четкањето заби, делува превентивно и не дозволува појава на проблеми. Луѓето со оваа особина секогаш имаат план. Дури и кога ќе се соочат со неуспех, тие веќе имаат план како да се справат и со него“ – изјавува Брент Робертс, психолог на универзитетот во Илиноис.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg