20 трикови за ефикасно трошење на времето кои треба да ги научите во 20-те
Максимално искористување на времето поминато во работа е нешто што треба да го научите што е можно порано затоа што, колку порано ја стекнете оваа навика толку е поголема веројатноста дека ќе ви остане засекогаш.
Ако ги совладате овие трикови во своите 20-ти или порано успехот е во ваши раце за цел живот, но и уште да не сте ги научиле овие трикови, нема простор за грижи затоа што и денес можете да почнете.
Доволно е да изберете една навика неделно и добро да ја совладате пред да преминете на друга и да станете експерт во максимално искористување на времето.
Што треба да направите?
1. Користете апликации или обичен нотес со календар за секојдневно бележење на обврските
Не бесполезно постои мудрата изрека: „Глупавиот памети, а паметниот запишува“. Залудно е да ги паметите сите свои идни состаноци и обврски.
Токму затоа, можете да се послужите со календарот на Google, апликација која е бесплатна за сите корисници или пак, да започнете да користите дневник ако преферирате лист и хартија над екран.
2. Користете алатки за управување со задачите
Од витално значење е да се обидете што е можно поголем дел од времето рационално да го искористите за работите кои неопходно е да ги завршите. Како за почеток можете да започнете со листови хартија или „post it“ пораките.
А, доколку сакате да се послужите со програма која ќе го прави тоа наместо вас, тогаш за вас е апликацијата Moleskine.
3. Почитувајте ја потребата дека треба да спиете од 7 до 9 часа дневно
Одрекувањето од сонот за забава или што е можно повеќе обврски е краткорочна стратегија која можете да ја користите во 20-те години, но само до одредена мера, бидејќи во принцип тоа е лоша навика.
Ако цел ден сте уморни, ќе бидете помалку продуктивни во искористувањето на времето, без разлика на тоа колку сте организирани.
4. Правете неделен преглед на изминатите 7 дена
Учењето како да направите неделен извештај е една од најдобрите работни навики која може да ја совладате. За тоа да го постигнете потребни ви се неколку работи.
Како прво, следете ги извештаите од изминатите недели за да забележите кои работи ви се заостанати.
Како второ, прегледајте ги сите мејлови на електронската пошта кои не сте ги отвориле.
Како трето, добро анализирајте ги плановите кои сте ги направиле за што е можно подобро да ги реализирате наредната недела.
5. Имајте на ум дека дневното ефикасно работење трае 4 часа
Дали знаете дека менаџерите често претпоставуваат дека работниците ќе бидат помалку од 100% ефикасни?
Иако вообичаено работите по 8 часа дневно, реалноста е дека само половина од времето ќе бидете потполно ефикасни, бидејќи остатокот од денот ќе бидете зафатени со додатни работи. Најдобро е најважните обврски за денот да ги завршите наутро.
6. Фокусирајте се на една по една задача
Мултитаскингот е само губење на време, бидејќи или ќе ви треба повеќе време или сите работи ќе ви останат недовршени. Наместо тоа, најдобро е задачите да ги завршувате една по една по принцип на тоа колку ви се приоритетни за тој ден.
7. Одвојте ги стратешки важните од помалку важните задачи
Стратешките задачи за кои компанијата најмногу ве плаќа, бараат доста размислување и бидејќи тешко е да бидете продуктивни во текот на целиот ден, најважните задачи најдобро е да ги завршите наутро. Пред самиот крај на работниот ден, кога сте заморени, завршете ги лесните задачи.
8. Огромните проекти поделете ги на делови за полесно да ги завршите
Големите залаци тешко се проголтуваат, па добро е постојано да јадете во мали залаци. Токму затоа, за огромните проекти добро подгответе се со барање на совети од искусни лица кои претходно се сретнале со задача како и вашата и однапред подгответе се за самиот чин.
9. Поставете си најмногу три приоритети дневно
Наутро прилично лесно е да составите листа од задачи кои сакате да ги завршите во текот на денот и да ги одберете трите најважни задачи.
10. Научете се работните задачи да ги доверувате и на другите луѓе
Успешните менаџери помалку важните задачи кои само им го губат времето ги доверуваат на други лица од компанијата за да можат целосно да се фокусираат на нивната најважна задача.
Искористете ја оваа идеја и не дозволувајте малите препреки да влијаат на вашата продуктивност. Основно правило за ефикасен пренос на работните задачи: добро и јасно објаснете ја задачата како и рокот за нејзино извршување и побарајте редовно известување за тоа како тече напредокот.
Уште 10 совети за ефикасно користење на времето на следната страна...