Од видеа за убавина и мода станала милионерка и си купила куќа
Зои Саг или попозната како Зоела е уште една од познатите видео блогерки, кои успеаја да се збогатат преку YouTube.
Колку и да ни изгледа чудно и неверојатно, ваквите бизниси сè почесто успеваат. Сè почнува од забава, зборувајќи за омилените работи, давање корисни совети од различни области и комуникација со фановите.
Луѓето сакаат кога може да добијат брзи или интересни идеи и решенија, особено кога тоа некој ќе им го презентира. Се развива еден вид интернет телевизија, која е достапна за сите.
Најчести се девојките блогерки кои даваат совети за убавина, мода или декорирање. Уште една од нив е Зои Саг или позната како Зоела. Таа има 24 години, а својот блог го започнала во 2009-та година, кога имала 18. Досега успеала да заработи доволно за да си купи сопствена куќа од 1,34 милиони евра и да живее заедно со своето три години помладо момче.
Покрај тоа што постојано објавува нешто ново на својот блог, снима видеа и пишува книги со совети, таа често се појавува и на телевизиски и радио шоуа.
Рецептот за куќа од милион долари пред 25-тата година е: 7 милиони фанови на YouTube и над 350 милиони прегледи на видеата со трикови за шминкање.
Би се обиделе да заработите на овој начин?