Маркетингот е срцето на компанијата. Од него треба сѐ да почне и да заврши

Многу е тажно во државава, од бизнис но и од секаков друг аспект, што или немаме знаење да ја искористиме најдобро моќта и користа на маркетингот или го употребуваме во сосема негативна конотација, да ја изманипулираме и спинуваме публиката со цел да си ги оствариме нашите цели, не размислувајќи како тоа ќе се одрази на другата страна. 

marketingot-e-srceto-an-kompanijata-od-nego-treba-se-da-pocne-i-da-zavrsi-01

Денес, маркетингот се заснова на концептот на „Брзо и Алчно“. Тој се претвора во политичка кампања, каде сите ветуваат сè и сешто a на крајот најдебелиот крај го извлекува крајниот потрошувач.

Маркетингот/пропагандата, според филозофијата на Емоционалната Интелигенција, претставува игра на моќ. Што и навистина е.

Преку маркетинг техниките што може да се користат, се манипулира и влијае на публиката.

Да си знаете дека ова се однесува на сите нас. И вие сте несвесно под влијание, иако во моментов можеби некои не се сложуваат со ова и си викаат „мене маркетингот и рекламите немаат влијание“.

Маркетингот е меч со две острици. Дали ќе го користиме правилно и морално, како модел со кој ќе го развиваме нашиот бизнис и преку кој најдобро ќе ги задоволиме барањата на нашите клиенти, или ќе ги користиме неговите „вештерски“ моќи на манипулација и спин, зависи од оној што го користи.

Маркетингот ви е како динамитот. Нобел го измислил со цел да го подобри и олесни градежништвото, а не да измисли оружjе за масовно уништување.

Проблемот е што сите знаеме маркетинг и сите имаме некој наш цврст и „правилен“ став околу неговото значење, вредност и ефекти.

marketingot-e-srceto-an-kompanijata-od-nego-treba-se-da-pocne-i-da-zavrsi-3.jpg

Во Македонија, за жал, ставот кон маркетингот е дека тоа е трошок (се мисли на рекламирањето, а не на маркетингот), дека секој може да го прави (затоа не се внимава многу кој се става во одделот за маркетинг) и малку се инвестира во едукација во маркетинг (да погледнеме само колку обуки за маркетинг се нудат на пазарот, а колку од другите области на доедукација).

Но, поради тој став и гледиште кон маркетингот, јас верувам дека Македонија е на ова ниво на економски развој. И од аспект на држава и бизнис имаме фантастичен потенцијал, но не знаеме да го искористиме.

“Маркетингот не се користи за да ја зголеми продажбата, тој треба да се користи да ги развива односите со клиентите“ - Колин Тарнер

marketingot-e-srceto-an-kompanijata-od-nego-treba-se-da-pocne-i-da-zavrsi-1.jpg

-Маркетингот е срцето на компанијата. Од него треба сѐ да почне и да заврши. И така цело време – тој не е само сектор во компанијата.

- Маркетингот е секој наш потег, активност или стратешка определба – тој не е трошок за реклама.

- Маркетингот не е да продадеш повеќе по секоја цена – туку тој е да ги задоволи потребите и желбите на клиентите.

- Маркетингот значи вклученост на клиентот – тој не е убедување во нашите ставови и желби.

- Маркетингот значи знаење, креативност и енергија – тој не значи огромен буџет

- Маркетингот е известување на клиентот за вистинските вредности на производот / услугата – тој не е манипулација и спин (за остварување на своите лични цели).

- Маркетингот значи поврзување на производот со купувачот – тој не е лансирање на производ кој му се допаѓа на директорот.

- Маркетингот додава вредност (го јакне брендот) – тој не е „само“ промоција на производот.

- Маркетингот го комуницира карактерот на производот / услугата – тој не е само рекламирање на карактеристиките и користите на производот / услугата.   

Со успех во имплементацијата,
Петар Лазаров
Член на тимот
МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг
www.macedonia-consulting.com

www.macedonia-export.com

Би можело да ве интересира:

Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
Бон-тон правила за пишување мејл со кои ќе делувате професионално Проверувајте ја пораката за печатни грешки и немојте да користите мејл со шегови...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg