Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа

Постојано проверувате колку е часот

Кога имате напорен работен ден, нормално е едвај да чекате да си одите дома. Но, немојте постојано да го проверувате времето.

Со ова оставате лош впечаток кај надредените.

Како да се подобрите?

Бидете посуптилни кога го проверувате времето и немојте да го правите тоа на секои пет минути.

greshki-vo-govorot-na-teloto-koi-pravat-da-izgledate-nesigurno-i-neprofesionalno-na-rabota-06_copy.jpg

Се однесувате како да сте дома

Навистина е одлично ако работите во релаксирана атмосфера, но не треба да заборавите дека сепак сте на работа, а не дома.

Претераното опуштање воопшто не изгледа професионално, без разлика колку ви се толерантни шефовите.

Како да се подобрите?

Бидете професионални – седете исправено, средувајте си го бирото…

greshki-vo-govorot-na-teloto-koi-pravat-da-izgledate-nesigurno-i-neprofesionalno-na-rabota-07_copy.jpg

Целосно се изолирате од колегите

Нормално е да немате ништо заедничко со ниту еден колега, особено ако сте во канцеларија со малку луѓе.

Но, немојте целосно да се изолирате од сите. Со ова колегите ќе мислат дека не сакате да соработувате со нив.

Како да се подобрите?

Не мора да ги споделувате најдлабоките тајни со колегите, но одвреме-навреме поставете им некое прашање, вклучувајте се во нивните разговори и слично.

greshki-vo-govorot-na-teloto-koi-pravat-da-izgledate-nesigurno-i-neprofesionalno-na-rabota-08_copy.jpg

Превртувате со очите кога нешто не ви се допаѓа

Иако можеби немате лоша намера, оваа реакција изгледа многу арогантно и покажува непочитување.

Како да се подобрите?

Кога ќе слушнете нешто што не ви се допаѓа, не реагирајте инстинктивно и дајте го најдоброто од себе да ги контролирате изразите на лицето.

greshki-vo-govorot-na-teloto-koi-pravat-da-izgledate-nesigurno-i-neprofesionalno-na-rabota-09.jpg

Не се грижите за изгледот на видеоповици

Ако имате состанок преку видеоповик од вашиот дом, не значи дека е во ред да се појавите во пижами.

Како да се подобрите?

Кога имате состанок преку видеоповик, однесувајте се како да е во живо. Најмалку што можете да направите е да се облечете соодветно и да си ја средите косата.

greshki-vo-govorot-na-teloto-koi-pravat-da-izgledate-nesigurno-i-neprofesionalno-na-rabota-10.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
Бон-тон правила за пишување мејл со кои ќе делувате професионално Проверувајте ја пораката за печатни грешки и немојте да користите мејл со шегови...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg