Ирвасите си ја менуваат бојата на очите и уште 7 животни кои развиле „супермоќи“
Ирвасите си ја менуваат бојата на очите во зависност од сезоната, а змиите имаат сензор за инфрацрвено значење, односно можат да гледаат како низ термална камера.
Со цел да се адаптираат на околината и да можат да преживеат, живите суштества имаат развиено секакви способности кои некогаш ни изгледаат и нереално.
Постојат милиони видови животни на Земјата, од кои огромен дел ги немаме ни откриено. А, дури и оние што веќе се класифицирани неретко претставуваат мистерија за експертите со нивните способности.
Во продолжение осум животни кои навистина развиле супермоќи:
Ирвасите ја менуваат бојата на очите во зависност од сезоната
Можеби ирвасите не можат да летаат и не ја влечат санката на Дедо Мраз, но имаат друга супермоќ – ја менуваат бојата на нивните очи.
Ирвасите се единствените цицачи чии очи имаат различна боја во зависност од сезоната.
Очите на сите живи суштества, вклучувајќи ги и луѓето, имаат способност да се адаптираат на светлината.
Сигурно и сами сте забележале дека кога е светло, вашите зеници се стеснуваат, а во темно се прошируваат за да пропуштат повеќе светлина со цел да можете да гледате подобро.
Но, бидејќи ирвасите живеат на места каде што ноќта и денот можат да траат и по неколку месеци, нивните очи се адаптираат на тој начин што ја менуваат светлината.
Во лето, кога е светло, нивните очи имаат златна нијанса. Во зимските месеци нивните очи стануваат темносини.
Делот што ја менува бојата е познат како tapetum lucidum, се наоѓа зад мрежницата и ја рефлектира светлината кон неа.
Опосумот е имун на отров од змии
Научниците сметаат дека пептид што се наоѓа во крвта на опосумот може да биде многу корисен за луѓето каснати од отровна змија.
Овој пептид ги прави опосумите имуни на змиски отров, односно може да го неутрализира неговото негативно дејство.
Истражувањата покажале дека пептидот е ефикасен против отровот на многу видови змии.
Наводно, и други цицачи, како некои видови верверички, ја имаат оваа супермоќ.
Меркатот има „природни очила“
Меркатите се пустински животни, па потребна им е некаква заштита од пустинското сонце, а тие го имаат токму тоа.
Црните шари околу нивните очи делуваат како очила за сонце бидејќи ја отклонуваат силната светлина од нивните очи, а со тоа им овозможуваат да гледаат добро дури и кога е многу светло.
Истовремено, овие шари им помагаат кога ќе се соочат со предатори – поради нив, очите им изгледаат поголеми, а со тоа и пострашни за некои животни.
Козите имаат панорамски вид
За разлика од луѓето, зениците на козите имаат правоаголна форма. Благодарение на ова, пак, тие имаат панорамски вид од 320-340 степени.
За споредба, ние луѓето имаме вид од околу 120 степени.
Козите можат да се пофалат и со одличен вид – нивните очи разликуваат жолта, портокалова, сина, виолетова и зелена боја, а ова е уникатна карактеристика кога станува збор за домашни животни.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





