Уникатен домашен миленик: Пар од Тексас живее со бивол од 1.133 килограми (фото)
„Кога се движи тој низ домот, изгледа како да минува автомобил, но без разлика на големината досега не скршил ниту еден божиќен украс“, велат сопствениците на уникатниот домашен миленик.
Бриџис (63) и Шерон (47) од Тексас имаат уникатен миленик. Тие чуваат бивол од 1.133 килограми.
Ексцентричниот пар го обожава биволот наречен „Wild Thing“, а со него дури и отвораат подароци по повод празниците.
Тие чувале 52 биволи, но ги продале во 2004 година, а потоа го замениле само со еден кој одлучиле да го одгледуваат внатре во нивниот дом.
За својот миленик сопствениците велат дека е многу социјален. Тој има своја штала надвор, но најчесто сака да гледа ТВ внатре заедно со нив.
Фотографии од овој необичен домашен миленик:
С. С. | Црнобело